Инстаграм ја исклучи заштитата на приватност на пораките
8 May 2026
- Корисниците на Инстаграм од денеска повеќе нема да можат да испраќаат заштитени приватни пораки. Исклучувањето на енкрипцијата „од крај до крај“ (E2EE) му овозможува пристап на Инстаграм до целата содржина на директните пораки, вклучувајќи слики, видеа и гласовни белешки.
- „Шифрираните пораки на Инстаграм повеќе нема да бидат поддржани по 8 мај 2026 година. Ако имате разговори засегнати од оваа промена, ќе видите упатства како да ги снимите“, соопшти матичната компанија Мета.
- Ова е голем пресврт во политиката на Мета, која ја застапуваше Е2ЕЕ како „златен стандард за приватност на корисниците“. Во 2023 година ја вгради во Фејсбук месинџер и ја направи опционална во Инстаграм, со план да ја направи стандардна.
- E2EE е стандарден систем во Signal, WhatsApp, Facebook Messenger, Apple's iMessage и Google Messages. Telegram го нуди како опција. X нуди сличен систем за директни пораки. Snapchat го користи за фотографии и видеа. Discord планира стандардни енкрипции на гласовни и видео повици. TikTok нема планови да ја воведе технологијата за директни пораки.
- Групи за заштита на деца долго време бараа да биде укината оваа најбезбедна форма на онлајн пораки, оценувајќи дека дозволува ширење на екстремна содржина онлајн без властите да можат да интервенираат. Затоа настрада приватноста.
- Викторија Бејнс, професорка по ИТ на колеџот Грешам, верува дека причината за одлуката е покомплексна. „Платформите ги монетизираат нашите комуникации, нашите објави, лајкови и пораки, за да можат да прикажуваат насочено рекламирање. И сè повеќе компании како Мета се фокусираат на обука на модели со ВИ за кои податоците за пораки можат да бидат исклучително вредни“, вели Бејнс.