Македонија со најголема смртност од ПМ2,5 честички
- Македоија и јужна Италија се најдоа во иста вест, не за нешто добро туку за загаден воздух.
-
Земјата на la Dolce Vita има сериозен еколошки проблем со највисоки локални концентрации на ПМ2.5 и градови кои имаат пет пати поголеми концентрации од дозволените.
-
Голем дел од Европејците дишат воздух полош од препораките на СЗО а освен во Италија, критично е на Балканот и Источна Европа, каде што е регистрирана највисока стапка на смртност предизвикана од лош воздух.
-
Македонија е прва во тоа. На 100.000 луѓе, од ПМ2,5 кај нас умираат 222 лица, во Ирска 10, во Шведска 3, во Финска 0,9.
-
ПМ2.5 е опасна, фина прашина што продира длабоко во белите дробови и крвта, поради што се смета за поопасна од ПМ10 а може да биде предизвикана од патниот сообраќај, но и од рафинерии, цементарници, фосилни горива и пожари.
Види и: Воздухот убива повеќе луѓе од пушењето