Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

12 години за наведување на самоубиство

7 May 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Стојанче Јовановски е осуден на дванаесет години затвор за смртта на неговите сопруга и ќерка Ивана и Катја.

  • Беше обвинет за загрозување на сигурноста, телесни повреди при семејно насилство и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана која на 2 март се фрли од балкон заедно со нивната шестгодишна ќерка Катја.

  • Прогласен е за виновен за сите три кривични дела што му се ставаа на товар.

  • Во судската постапка е утврдено дека во периодот од 2023 до 2026 година, на повеќе локации во Скопје, како и во нивниот дом, обвинетиот сурово и нечовечно постапувал кон оштетената, која се наоѓала во материјална зависност од него. Ваквото континуирано насилство кај оштетената предизвикало тешка психичка вознемиреност и чувство на безизлезност. Како директна последица на тоа, таа извршила самоубиство, скокајќи од тераса заедно со нивната шестгодишна ќерка.

  • Одбраната тврдеше дека не е докажан каузалитетот ниту за кривичното дело загрозување на сигурноста ниту за делото наведување на самоубиство и помагање во самоубиство поради што побара обвинетиот да биде ослободен.

извор

Објавена „прошталната порака“ на Епстин

7 May 2026
  • Share
  • Post
  • Федерален судија во САД ја објави белешката за која се тврди дека како проштална порака своерачно ја напишал Џефри Епстин неколку недели пред да биде пронајден мртов во затворската ќелија во Њујорк пред седум години.
  • „Ме испитуваа со месеци – не најдоа ништо! Уживање е да можеш да избереш време за збогување... Не е забавно, не вреди!“, е запишано ракописно во белешката, чија автентичност ниту е потврдена ниту е негирана.
  • Белешката ја објавил судијата Кенет Карас по барање од весникот Њујорк тајмс, кој објави дека постои таков документ во судската архива во случајот на Николас Тартаљоне, цимерот на Епстин од ќелијата. Поранешниот полицаец Тартаљоне е осуден на четири последователни доживотни затворски казни поради четирикратно убиство во 2016 година.
  • Тој ја открил пораката во јули 2019 година, по наводниот обид за самоубиство на Епстин, кога беше пронајден со траги на вратот. Неколку недели подоцна Епстин беше пронајден мртов во ќелијата. Како официјална причина за смртта е наведено самоубиство.
  • Тартаљоне им ја предал белешката на своите адвокати, за да му послужи како одбрана од евентуални обвинувања дека го убил цимерот.
извор

САД и Иран се најблизу до договор откако почна војната?

6 May 2026
  • Share
  • Post
  • Белата куќа верува дека во следните 48 часа може со Иран да склучи „Меморандум за разбирање“ – документ од само една страница со кој војната би била прогласена за завршена и би била поставена рамка за понатамошни подетални преговори за нуклеарната програма на Техеран. Преговорите би се одржале во Исламабад или во Женева.
  • Меморандумот има 14 точки. Двете страни би се обврзале да ја укинат блокадата на транзитот низ Ормускиот теснец во период од 30 дена.
  • Иран би прогласил мораториум на збогатување ураниум во период што не е усогласен. Техеран предложил 5 години, а САД барале 20. Се очекува да се усогласат на 12 до 15 години. Од Иран се бара да прифати и засилен режим на инспекции на нуклеарните објекти, вклучително и ненајавени, од технички експерти на Обединетите нации. 
  • САД, како дел од Меморандумот за разбирање, ќе се обврзат на постепено укинување на санкциите наметнати врз Иран и постепено ослободување на милијарди долари ирански средства кои се замрзнати низ целиот свет.
  • И претходно имаше оптимистички изјави дека САД и Иран се близу до договор, но напорите пропаднаа поради огромни разлики во ставовите. Анонимни пакистански посредници тврдат за Аксиос дека овој пат двете страни се најблизу до договор откако почна војната.
  • Веднаш по објавувањето на веста на Аксиос, цената на нафтата се спушти за 8% на околу 100 долари за барел.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Почина Цирко, единствениот човек на планетава кој можеше да го прераскаже „Андaлузискиот пес“

2

Тереза го оживеа Тито

Балканштина
3

Во Реал се делеле шлаканици, не е како што треба

4

Добредојдовте, драги Марсовци

Македонски рулет
5

Откажани 13.000 авионски летови за во мај

6

Мој је живот Швицарска, скоро па 10 милиони

Свет
7

Да се исклучи ВИ за бумери и за Петар Богојески

Македонски рулет
8

Така ќе биде уште долго време

Балканштина
1

Почина Цирко, единствениот човек на планетава кој можеше да го прераскаже „Андaлузискиот пес“

2

Откажани 13.000 авионски летови за во мај

3

Мој је живот Швицарска, скоро па 10 милиони

Свет
4

Доаѓа нова финансиска криза

Бизнис
5

Центрите за податоци ги изедоа евтините лаптопи и смартфони

Технологија
6

Неочекуван тонч од Саудијците за Трамп

Свет
7

Профитот на Томпсон пораснал за 360 проценти

8

САД и Иран се најблизу до договор откако почна војната?

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Така ќе биде уште долго време

Балканштина

Дедо и неговата внука

Разно

Некогаш стварно зборуваме со ист јазик

Разно

Кадровските критериуми на Јосип Броз Тито

Балканштина

Кога поменот ќе падне на Први мај

Македонштина

Хибрид на скопски начин

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Сан Франциско ја покажува иднината на капитализмот

Предлог за скопски маратон

Бреј, колку двајца министри

Кога колегите ќе стивнат

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy