Сенаторите во САД нема да се кладат на политички настани
5 May 2026
- Сенаторите од двете партии во САД едногласно усвоија забрана да се кладат на новите платформи за обложување на политички и глобални настани, како Калши и Полимаркет. Слична мерка што се однесува на конгресмените е предложена и во Претставничкиот дом.
- Целта е да се спречат злоупотреба на инсајдерски информации и потенцијален судир на интереси, како и да се отфрлат сомневањата дека пратениците лично профитираат од привилегиран пристап до доверливи податоци, изјави сенаторот Берни Морено кој ја водеше иницијативата.
- Сомневањата се проширија откако анонимни лица оствариле добивки од милиони долари од сомнителни тргувања со акции и кладби поврзани со клучните изјави и одлуки на претседателот Доналд Трамп.
- Во процедура е и законот SITA, кој ќе им забрани на конгресмени и на членови на нивни семејства да купуваат нови акции на берзи и ќе ги обврзе да ги најавуваат продажбите седум дена претходно, како и Законот ETHICS, со уште построги ограничувања за тргување со акции.