Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп ќе ги казни партнерите од НАТО што беа против војната со Иран

9 April 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Белата куќа работи на план да казни некои партнери од Алијансата за кои претседателот Трамп смета дека не им помогнале на САД и Израел за време на војната со Иран.
  • Планот е во рана фаза, но според Волстрит журнал, казната би била повлекување на американските трупи од овие земји. САД имаат стационирани околу 84.000 војници низ Европа и базите обезбедуваат економска поддршка за земјите-домаќини преку инвестиции. 
  • „НАТО не беше таму кога ни требаа и нема да бидат таму ако повторно ни требаат“, порача синоќа Трамп на TruthSocial. Тој притоа го спомна Гренланд, кој сака да го присвои од Данска заради стратегиска безбедност на САД: „Се сеќавате на Гренланд, тоа големо, лошо управувано парче мраз?“.
  • Прва на удар е Шпанија - единствената земја на НАТО што не прифати да троши 5% од својот БДП за одбрана и забрани американски авиони вклучени во операцијата во Иран да го користат нејзиниот воздушен простор. Италија накратко им го блокираше на САД користењето на воздухопловната база на Сицилија, а Париз им дозволи на Американците да користат база во јужниот дел на Франција само за авиони што не се вклучени во војната против Иран.
  • За главни поддржувачи, САД ги сметаат Полска, Романија, Литванија и Грција.
  • На средбата зад затворени врати со генералниот секретар Марк Руте, Трамп отстапил од заканата за повлекување на САД од НАТО. За такво нешто потребна е одлука од Конгресот.
извор

Астронаутите од Артемис 2 се вратија живи и здрави

11 April 2026
  • Share
  • Post
  • Четворицата астронаути на НАСА утрово безбедно се спуштија на Земјата, по десетдневната мисија Артемис 2 околу Месечината.
  • Нивната капсула „Орион“ ги издржа огромните температури од брзото навлегување во земјината атмосфера и се спушти со падобран во Пацификот, покрај брегот на Калифорнија.

  • „Стабилни сме“, објави командантот на мисијата Рид Вајзман. Тој и другите астронаути – Виктор Гловер, Кристина Кох и Канаѓанецот Џереми Хансен, ќе поминат низ неколкудневни детални медицински прегледи. 
  • При влегувањето во атмосферата, екипажот леташе 32 пати побрзо од звукот (побрзо од кој било човек досега), а нивната капсула беше изложена на температура од 2.760 Целзиусови степени – практично беше обвиткана во оган, поради што во критични 6 минути немало никаков контакт со Контролата на мисијата. Падобраните ја намалиле брзината на слободниот пад на 25 километри на час.
  • При мисијата за обиколување на Месечината, екипажот на НАСА стаса  406.778 километри од Земјата, подалеку од кој било човек досега, и направи детални снимки од нејзината „скриена“ страна. 
  • НАСА в година ќе ја спроведе мисијата Артемис 3, во која ќе тестира екипаж со лендери во орбита, како конечна подготовка за мисијата Артемис 4, кое опфаќа спуштање астронаути на Месечината, прв пат по 1972 година. Во трка е со Кина, која планира да испрати свои „таиконаути“ на Месечината до 2030 година.

извор

Новиот шенгенски систем создаде километарски колони за влез во Хрватска

10 April 2026
  • Share
  • Post
  • Новиот европски систем за влез и излез (EES – Entry/Exit System) во земјите од Шенгенската зона создаде километарски колони на границите на Хрватска со Србија и Босна и Херцеговина.
  • ЕЕС почна да се применува од ноќеска на полноќ. За државјаните од земјите од Шенгенската зона нема никакви промени, но од оние од третите земји на границата задолжително се земаат биометриски податоци и дигитално се внесуваат во база на податоци, наместо да се удираат печати во пасошите.
  • Колоните за влез во Хрватска биле дополнително зголемени поради продолжениот викенд и велигденските празници во Србија.
  • На граничниот премин Бајаково биле формирани пет километарски колони од возила, во кои патниците за влез во Хрватска чекале по два часа.
  • На граничните премини кон Босна и Херцеговина се чекало по најмалку еден час.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Жељко им кажа со време

Балканштина
2

По поразот од надворешниот непријател, Трамп отвори војна против внатрешниот

Мислења
3

Новиот шенгенски систем создаде километарски колони за влез во Хрватска

4

Димитријевиќ му се одмазди на тимот кој не веруваше во него

Кошарка
5

Кого би блокирал Гоце на Фејсбук?

Балканштина
6

Астронаутите од Артемис 2 се вратија живи и здрави

7

Не е доцна да се преиспитаме

Балканштина
8

Бугарски роботи се вклучија во предизборието

Балканштина
1

По поразот од надворешниот непријател, Трамп отвори војна против внатрешниот

Мислења
2

Новиот шенгенски систем создаде километарски колони за влез во Хрватска

3

Астронаутите од Артемис 2 се вратија живи и здрави

4

Примирјето во Иран им донесе уште 90 милијарди на најбогатите во светот

Бизнис
5

Израел го уценуваше Клинтон со Левински, којзнае што имаат за Трамп

Мислења
6

Како го натераа Трамп во војна со Иран

Свет
7

Меланија Трамп: Немав никакви врски со Епстин

8

Сајбер-криминалци лани украле 21 милијарда долари од Американците

Интернет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Жељко им кажа со време

Балканштина

Бугарски роботи се вклучија во предизборието

Македонштина

Јаки трпези, јаки амини

Балканштина

Не е доцна да се преиспитаме

Балканштина

Шефе, каде да го ставиме знакот за децата?

Македонштина

Кисела Вода има Флет Ајрон, Маџир маало добива Васер Вага

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Трговска имагинација

Боди билдинг на македонски начин

Боже, чувај ме од пријателите

Лектира за славјанки и слични милитантни пацифисти

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy