Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Меланија Трамп: Немав никакви врски со Епстин

10 април 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Првата дама на САД во снимена видео порака до јавноста објави дека немала воспоставено никакви односи со Џефри Епстин, не била негова жртва и не знаела за неговиот синџир за проституција.
  • „Мора да запрат лажните клевети за мене од злобни и политички мотивирани поединци и субјекти, кои сакаат да предизвикаат штета на моето име за лична финансиска и политичка корист... Јас не сум жртва на Епстин. Епстин не ме запозна со Доналд Трамп“, изјави Меланија Трамп. Таа додаде дека првпат се сретнала со Епстин во 2000 година, на на настан на кој присуствувала со Доналд Трамп.
  • Порталот Дејли бист лани беше принуден да повлече сторија во која авторот Мајкл Волф тврдеше дека Епстин ја запознал Меланија со Доналд Трамп и јавно се извини за „за каква било конфузија или недоразбирање“.
  • Меланија Трамп се појави во објавените документи од досието Епстин во имејл што го испратила до неговата соработничка Гислен Максвел, кој ги потпишала со: „Со љубов, Меланија“. Тоа поттикна гласини за нејзините врски со Епстин, од кои досега ја бранеше нејзиниот правен тим. Првата дама изјави дека тоа било „обична преписка“ со „тривијална забелешка“.
  • Американската јавност само нагаѓа што ја поттикнало Меланија Трамп во едно од ретките обраќања до јавноста да се наврати на темата за Епстин која падна во втор план откако почна војната против Иран. „Првата дама проговори затоа што ѝ е доста. Лагите мора да запрат“, изјави нејзиниот советник Марк Бекман.

 

извор

Почина Мишо Хрњак од Азра

1 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • На 67 години почина Мишо Хрњак , басистот во најлегендарната, златна постава на Азра, со Џони Штулиќ и Борис Лејнер.
  • Свиреше бас на првите три студиски албуми на бендот: Азра (1980), Сунчана страна улице (1981) и Филогрански плочниви (1982), како и на неповторливиот троен концертен албум, Равно до дна. 
  • Азра ја напушта по отслужување на воениот рок во 1982 година и тоа е крај на таа изворна постава. Едно од најважните поглавја ги минува во Унгарија каде ја запознава сопругата Уршула со кои имаат пет деца. Семеен живот и изработка на мебел по нарачка. 
  • Во 2015 година ја објавува автобиографијата „Златно срце - приказни, ама, не баш за деца.“
извор

Еверест веќе не е највисоката планина?

1 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Планината Еверест на Хималаите останува планина со највисока надморска височина (8,849 метри) но тоа да не ти била највисоката планина на планетата.
  • Две други „скриени“ планини на работ на Африка и Тихиот океан се далеку повисоки, дури 100 пати повисоки од Еверест, околу илјада километри високи.
  • Што е финтата и како до сега не сме ги виделе? Затоа што почнуваат од минус надморска височина, длабоко под површината на Земјата - на околу 1.900 километри, помеѓу јадрото и земјиниот плашт.
  • Наша стручна алпинистичка проценка: Не се важи!
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

2

Еверест веќе не е највисоката планина?

3

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

4

Почина Мишо Хрњак од Азра

5

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
6

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Балканштина
7

Европските пари за Украина се губат по фантомски компании

Свет
8

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
1

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

2

Еверест веќе не е највисоката планина?

3

Почина Мишо Хрњак од Азра

4

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

5

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
6

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
7

Европските пари за Украина се губат по фантомски компании

Свет
8

Почина Мишо Ковач

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Бидете штурец

Родителски совети од Хомер

Мис Фуј и Мистер Бљак

Научници дигнаа глас против статистичката значајност

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy