Русјаков: Дали ќе биде дозволено да се пуши на фронт?
18 January 2026
- Може ли да не сум во ист ров со непушачи, вакцинирани, вегани, глутен-фри поборници, активисти, нутриционисти, екологисти, њуејџери, либерали, прогресивни и конзервативци, зелени, црвени буржуи и со сина крв нафиксани, инфлуенсери, поткастери, јутјубери, воукери, бајкери, граѓански освестени лицемери и општествено корисни идиоти, интелектуалци, експерти, политиколози, аналитичари, академски граѓани и модерни селани, вообразени новинари, мејнстрим екстремисти што глумат авангарда, новопечени традиционалисти и религиозни фундаменталисти со секташки манири, гуруа, лајф-коучи, јогини, бардови, мистици, езотерици, теоретичари на заговори и заговорници на научни теории, агностици, атеисти, флуидни, транс… формери, сајбер-номади…
- За нас меѓународното право умре уште во ОН кога не ни дозволија да се самоименуваме, а потоа ЕУ, така умрено, го силуваше со Лисабонска декларација, за на крајот, кога добивме пресуда во Хаг, да ни кажат дека тоа е безвредна хартија. Го кажувам ова за да не се однесуваме како глуперди кои мислат дека Трамп го утепа.
- Прашањето гласи дали ние имаме план како да ја дочекаме таа факинг војна, која може нема да дојде, иако наликува дека тргнала и не планира да запре. Оние со муабетот, ЕУ ќе нè храни, а НАТО сме и тој нè брани, веројатно ќе умрат од глад, силувани од некои туѓи војници, ако пред тоа не ги изеде некој од соседите во населбата. Така оди тоа со војните.