- Администрацијата на Трамп им порача на земјите што сакаат постојано место во новиот Одбор за мир во Газа дека мора да придонесат „најмалку една милијарда долари“.
- Одборот ќе биде одговорен за обновата на Појасот Газа и разоружување на Хамас, а покана за влез во него добиле лидери од 60 држави.
- Секоја земја-членка во Одборот ќе има мандат не подолг од три години но претседателот може да им го продолжи.
- Тригодишниот мандат ќе биде укинат ако во првата година не се испрсат со милијарда долари, во кеш.
- Во моментов се знае дека покана добиле Таип Ердоган, канадскиот премиер Марк Карни, египетскиот претседател Ел-Сиси, Милеи од Аргентина...
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.