Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Блер, Рубио, Виткоф и Кушнер во Одборот за мир во Газа

17 January 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Поранешниот британски премиер Тони Блер, американскиот државен секретар Марко Рубио и специјалните мировни пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на Трамп, се потврдени како членови на Одборот за мир во Газа, кој треба да ги надгледува примирјето и обновата во транзицискиот период кон траен мир. Учеството на Блер во одборот беше неизвесно поради неговата улога при воената инвазија врз Ирак во 2003 година.
  • „Одборот за мир ќе игра суштинска улога во исполнувањето на сите 20 точки од (мировниот) план на претседателот Трамп. Ќе овозможува стратешки надзор, ќе мобилизира меѓународни ресурси и ќе обезбедува одговорност додека Газа преминува од конфликт во мир и развој“, објави Белата куќа.
  • Веќе беше објавено дека претседател на Одборот за мир е Доналд Трамп, а генерален секретар е бугарскиот дипломат Николај Младенов, поранешен висок претставник на ОН за Блискиот Исток. Одлуките на теренот ќе ги спроведува технократски комитет предводен од поранешниот палестински вицепремиер Али Шаат.
  • Трамп завчера објави дека почнува втората фаза од неговиот план за Газа, иако групата Хамас се уште не се согласила да го предаде оружјето.
  • Наскоро во регионот треба да бидат испратени и Меѓународни сили за стабилизација, за да ги обучи одобрените членови и офицери на идната полиција. Шеф на ИСФ е американскиот генерал Џаспер Џеферс.
извор

Германија ја натера Тојота да исклучи греење кај Лексуси

16 January 2026
  • Share
  • Post
  • Портпаролот на Тојота, Ралф Милер, потврди дека функцијата за претходно загревање на автомобилот додека е паркиран - бесплатна преку апликациите MyToyota или Lexus Link Plus - сега е деактивирана кај возилата со мотор со внатрешно согорување низ цела Германија.

  • Причината? Законодавците го сметаат далечинското загревање на моторот за „непотребно работење“ што создава непотребно загадување со издувни гасови,  а Тојота ја оневозможиле функцијата „за да го заштитат корисникот на возилото од казни“.

  • Функцијата останува активна на чисто електрични возила и плаг-ин хибриди, каде што греењето на внатрешноста работи без да се стартува моторот со внатрешно согорување.

  • „Вашиот луксузен автомобил штотуку стана најновото бојно поле во климатските војни во Европа, каде што бирократите одлучуваат кои копчиња ќе работат во вашето возило. Вистинското прашање не е дали далечинското стартување намоторот предизвикува загадување - туку дали сè уште ги поседувате карактеристиките што сте ги купиле“, пишува Алекс Бариентос.

 

извор

Британија ќе мобилизира резервисти до 65 години

16 January 2026
  • Share
  • Post
  • За да ги зајакне резервните воени сили, Британија ја зголемува на 65 години максималната возраст на поранешните војници што може да бидат повикани во строј. Стратегискиот резервен состав досега беше ограничен на возраст до 55 години.
  • Новите правила би требало да стапат на сила од идната година.
  • Новиот закон за оружени сили ги олеснува и критериумите за мобилизирање резервисти. Според сегашните правила, тие може да бидат повикани во случаи на „национална закана, вонредна ситуација или напад врз Британија“. Новиот услов ќе биде „подготовки за воени дејства“, кој сега важи за војниците и офицерите што го напуштиле воениот состав во изминатите пет години.
  • „Мора активно да се подготвиме за можноста Британија да биде под директна закана, потенцијално во воено сценарио“, изјави министерот Пат Мекфаден пред пратениците. Тој ја посочи војната во Украина како „најочигледен и најитен пример“.
  • Планот на лабуристичката влада е да ги зголеми трошоците за одбрана од 2,3% на 2,5% од БДП до 2027 година, што ќе чини 6 милијарди фунти. Премиерот Кир Стармер го прифати условот од Трамп и вети дека Британија до 2035 година ќе троши за одбраната 5% од БДП.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Германија ја натера Тојота да исклучи греење кај Лексуси

2

Америка не ги признава долговите од нафтата која ја продава

Свет
3

Имигрантскиот агент кој ја уби онаа жена сега е милионер

4

Остај го ма нека јаде човекот

Македонштина
5

Германија версус Кина во очите на кинески дисидент

Интервју
6

Како малку да се збуни комшијата

Балканштина
7

Парадоксот на српскиот ракомет

Ракомет
8

Пача? Чекајте да ја видите оваа

Храна
1

Германија ја натера Тојота да исклучи греење кај Лексуси

2

Америка не ги признава долговите од нафтата која ја продава

Свет
3

Имигрантскиот агент кој ја уби онаа жена сега е милионер

4

Германија версус Кина во очите на кинески дисидент

Интервју
5

Кинеските градови се сунѓери за дождовница

Занимливости
6

Светот има нов рекордер по нераѓање деца

Занимливости
7

Мерц ги враќа нуклеарките

Свет
8

Америка на прво место ќе ја замени УСАИД

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Женската која ги помири Карлеуша и Садгуру

Македонштина

Остај го ма нека јаде човекот

Балканштина

Како малку да се збуни комшијата

Разно

Вевчани 2026

Балканштина

Криптиран муштерија

Балканштина

Од кобагаји поштени, издвојуваме

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Што викаше Димитрија во „Диво месо“

Обратната ера на банките

Кумановско работно време

Како да познаеш лузер

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy