- Екипата на Тетекс на своите социјални мрежи објави една убава вест во која потврдува дека конечно се враќа на Градскиот стадион во Тетово.
- Веќе натпреварот кој ќе го играат овoj викенд против Слога Виница ќе се игра на Градскиот стадион каде што долго време немаа можност да настапуваат, а сега конечно ја добиле битката за стадионот кој е граден од Тетовчани со средства од градската каса и со помош на поединци.
- Од почетокот на сезоната, Тетекс по три кола има два порази и една победа и со три бода се наоѓа на 13-тата позиција на табелата.
- Генералниот секретар на фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) Бранко Радујко во денешно обраќање до медиумите изјавил дека Драган Стојковиќ Пикси ќе остане селектор сигурно до мечот со Албанија а за потоа ќе решаваат.
- Притоа српскиот фудбалски сојуз интензивно барал од УЕФА ако може натпреварот со Албанија закажан за 11-ти октомври да се игра во Лесковац наместо во Белград.
- На претходниот дуел против Англија во Белград кој Англичаните го добија убедливо 0:5, имаше политички тензии, скандирања и инциденти меѓу навивачите на Србија. Од таа причина ФСС со цел да избегне повторно такви сцени, бара дуелот од висок ризик да се игра на стадионот „Дубочица“ во Лесковац кој собира 8.000 гледачи.
- „Репрезентацијата таму (во Лесковац) секогаш е дочекувана со безрезервна поддршка што не е секогаш случај во Белград, иако самите играчи немаа проблем како селекторот и навивачите“, рекол Бранко Радујко.
- Еден од најголемите центри на европската кошарка, Атина ќе биде домаќин на завршниот турнир во Евролига, Фајнал Форот 2026. Главни градови-конкуренти беа Белград и Атина па на крај грчката престолнина го доби домаќинството и тоа во „ОАКА Арена“, домот на Панатинаикос (сега по најново „Телеком Центар Атина“.
- Последен пат полуфинале и финале на Евролига во Атина се играа во далечната 2000-та година. Панатинаикос го совлада Макаби Тел Авив во големото финале пред свои навивачи. Трет заврши Ефес Пилсен а четврта Барселона.