Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

ЕУ спрема 19-та рунда санкции за Русија

8 September 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Европската Унија е во завршна фаза на дизајнирањето на нејзиниот досега најобемен пакет санкции против Русија, насочен кон енергетски компании и шест руски банки.
  • Се дознава дека во новиот пакет, ограничувањата ќе се прошират на руските мрежи за плаќање и кредитни картички, берзите за криптовалути и ќе воведат построги ограничувања за извозот на нафта во земјата.
  • Мерките претставуваат значително заострување на напорите на ЕУ, во координација со Вашингтон, да ја осакати руската економија и да ја намали поддршката за претседателот Владимир Путин. 
  • Наспроти претходните 18 рунди санкции, руската воена економија успева да расте со повеќе од солидни стапки: 4,1% и 4,3% во 2023 и 2024-та. 
извор

Детали за новата руска вакцина против рак

9 September 2025
  • Share
  • Post
  • CAR-T-клеточната терапија е револуционерен метод на лекување, наречен „живо лекарство“, кој го репрограмира имунолошкиот систем на пациентот за прецизно таргетирање и уништување на канцерогените клетки.

  • Иако се нарекува „вакцина“, новиот препарат против рак не се дава на здрави луѓе за превенција, туку е имунолошки базиран лек кој ги стимулира Т-клетките да ги напаѓаат постоечките канцерогени клетки. Овој механизам го користи истиот принцип на активирање на имунолошкиот систем како и традиционалните вакцини (поради што се нарекува „вакцина“), но е наменет за лекување, а не за спречување на болеста, пишува Дејан Трајковски на Емитер.

  • Како функционира „вакцината“ (процес на лекување):
    1. Земање на клетки: Од пациентот се зема крв, од која се изолираат Т-лимфоцити (Т-клетки), познати како „војници“ на имунолошкиот систем.
    2. Генетска модификација: Во лабораторија, со помош на безопасен вирус, во Т-клетките се вметнува ген кој овозможува создавање на химерен антигенски рецептор (chimeric antigen receptor - CAR) на нивната површина.
    3. Размножување: Модифицираните CAR-T-клетки се размножуваат во лабораторија до милијарди копии.
    4. Вбризгување: Подготвениот индивидуален препарат се
    враќа во телото на пациентот преку инфузија.
    5. Напад: CAR-T-клетките циркулираат во телото, препознавајќи ги и уништувајќи ги канцерогените клетки кои носат специфична целна ознака (антиген).

извор

Бај-бај Бајру

9 September 2025
  • Share
  • Post
  • Францускиот парламент ѝ изгласа недоверба на владата поради плановите на премиерот Франсоа Бајру да го запре продлабочувањето на националниот долг.
  • „Имате моќ да ја турнете владата, но немате моќ да ја избришете реалноста. Реалноста ќе остане: трошоците ќе продолжат да растат, а товарот на долгот, веќе неподнослив, ќе станува се поголем и поскап“, предупреди Бајру.
  • Тој самиот побара гласање за доверба за неговата стратегија за намалување на буџетскиот дефицит што е двојно повисок од плафонот од 3% во рамките на ЕУ, и за намалување на националниот долг што достигна 114% од БДП. Бајру бараше буџетски кратења од 44 милијарди евра.
  • Бајру денеска ќе даде оставка, а претседателот Емануел Макрон ќе мора да го назначи и петтиот премиер за помалку од две години. Опозицијата бара од претседателот да го распушти парламентот и да распише вонредни парламентарни и претседателски избори. Редовните се во 2027 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

И Србија доби датум

Балканштина
2

Гасоводот „Сибир“ 2 ја сруши стратегијата на Трамп

Свет
3

Додека некој се простува од таткото, некој зборува за ајвар

Балканштина
4

И Полска ли крева раце од Украина?

Свет
5

И на царина знае да биде интересно

Видео
6

Криптото е американска шема да си го избришат долгот

Разно
7

Малку доцна, ама памтете за догодина

Видео
8

Грација од нашето маало

Забава
1

Гасоводот „Сибир“ 2 ја сруши стратегијата на Трамп

Свет
2

И Полска ли крева раце од Украина?

Свет
3

Чачак: Новинар против новинар, татко против син

4

Бај-бај Бајру

5

Објавена честитката до Епстин со провокативниот потпис на Трамп

Свет
6

Откако проработеа камери на бугарските патишта, 4 прекршоци во минута

7

Детали за новата руска вакцина против рак

8

Британска тајна ќелија разгорувала конфликти во Украина

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

И Србија доби датум

Македонштина

Што е ова ако не е права магија

Балканштина

Вака се работи

Македонштина

Е јеби га

Балканштина

Сеир, видео дефиниција

Балканштина

Нема ова долго да трае

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ѓинѓиќ за Шешељ

Работен ден од 5 часа

Време е за Дис

Живи, живи, дух преспански

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy