Бај-бај Бајру
9 септември 2025
- Францускиот парламент ѝ изгласа недоверба на владата поради плановите на премиерот Франсоа Бајру да го запре продлабочувањето на националниот долг.
- „Имате моќ да ја турнете владата, но немате моќ да ја избришете реалноста. Реалноста ќе остане: трошоците ќе продолжат да растат, а товарот на долгот, веќе неподнослив, ќе станува се поголем и поскап“, предупреди Бајру.
- Тој самиот побара гласање за доверба за неговата стратегија за намалување на буџетскиот дефицит што е двојно повисок од плафонот од 3% во рамките на ЕУ, и за намалување на националниот долг што достигна 114% од БДП. Бајру бараше буџетски кратења од 44 милијарди евра.
- Бајру денеска ќе даде оставка, а претседателот Емануел Макрон ќе мора да го назначи и петтиот премиер за помалку од две години. Опозицијата бара од претседателот да го распушти парламентот и да распише вонредни парламентарни и претседателски избори. Редовните се во 2027 година.