Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Кошарката скапо го плаќа густиот распоред - пандемија на повреди на Европското

3 September 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели

Фото: Epa Images 

  • Прво капитенот на Србија Богдан Богдановиќ, па најдобриот литвански кошаркар и лидер Јокубаитис, па одличниот германски центар Јоханес Фојтман, па Алекс Сар поради кој Франција ќе остане со само еден центар, па Естонецот Сим Сандерс и Летонците Андреј Гражулис и Артус Жагарс...
  • Најмалку 7 кошаркари го завршија Европското првенство поради повреди. Селекторот на Летонија Лука Банки вели дека решението би можело да биде во плус тројца играчи во составот на секоја репрезентација односно зголемување од 12 на 15 кошаркари за секое Европско.
  • Згуснатиот и напорен распоред и зголемен број на натпревари најмногу придонесува до повреди. Групната фаза почна на 27-ми август а во осум дена секоја репрезентација мора да одигра пет натпревари односно нема да има ниту два дена за одмор еден по друг.
  • Поради густиот распоред и во НБА имаше пандемија на повреди па така настрадаа Демијан Лилард, Џејсон Тејтум, Тајрис Халибартон, Џејмс Вајзмен, Ајзеа Џексон, Дру Смит и други.
извор

Спортски самит во Скопје со Панчев, Пандев и Мијатовиќ

4 September 2025
  • Share
  • Post
  • Под покровителство на министерството за спорт на Македонија, на 10. септември во хотелот „ДаблТри Хилтон“ во Скопје ќе се одржи Првиот Регионален Спортски Самит – Скопје 2025.
  • Преку панел дискусии, учесниците меѓу кои министри, спортски федерации, претставници на спортски клубови, бизнис лидери, академии, медиуми и визионери ќе имаат можност да иницираат конкретни проекти и партнерства насочени кон унапредување на спортот, промоција на здравиот начин на живот и зголемување на улогата на спортот во креирањето одржливи општества.
  • Настанот е предвиден во девет панели, а меѓу учесниците ќе бидат Дарко Панчев, Горан Пандев, Борко Ристовски, Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Бобан Илиоски, Игор Стефановски Иџе, Мила Релјиќ, Предраг Мијатовиќ, Шабан Трстена, Лино Червар...
извор

Почнува ракометна Супер лига на Македонија - посилна од кога и да е

4 September 2025
  • Share
  • Post
  • По врвниот Суперкуп во кој Еуфорарм Пелистер и Вардар 1961 покажаа уште еден блескав меч пред полни трибини а на крај славеа Битолчани, сега дојде ред и за почеток на новата сезона во Суперлига.
  • Овојпат како ретко кога досега покрај гореспоменатите вечни ривали кои во новата сезона влегуваат со нови тренери и играчи, и Алкалоид кој знаеше да им помрси сметки, сега борба за трофеите најавува уште еден засилен суперлигаш - Охрид.
  • Охриѓани на клупата го имаат одличниот српски стратег Борис Ројевиќ кој дојде од Војводина а ја засилија екипата и со многу сериозни домашни и странски ракометари. Сите суперлигаши се засилија значително и конкуренцијата ќе биде како никогаш досега.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Бугарите имаат ерген од Северна

Балканштина
2

Миграција, тешко со неа ама тешко и без

Свет
3

Скапата ќелаица на Мерц

Забава
4

Посебна почит за ветераните

Видео
5

Знаете што е полошо од телешка кожа?

Забава
6

И седми кандидат на германските АфД почина пред избори

7

Страшен гол на Александар Трајковски - ќе биде кандидат за гол на сезоната

Фудбал
8

Од скролање на шоља се добиваат хемороиди

Занимливости
1

Страшен гол на Александар Трајковски - ќе биде кандидат за гол на сезоната

Фудбал
2

Дончиќ погоди од паркинг и го натера Омиќ да прави 50 склека

Кошарка
3

Не баш нормално загревање на Финците

Кошарка
4

Имаше ли пенал во последниот напад за Вардар?

Ракомет
5

Лука Дончиќ го разби Израел за победа на Словенија

Кошарка
6

Како мислиш два црвени картони од еден фаул?

Фудбал
7

Фешта на Монументал, солзи, збогување и два гола на Меси

Фудбал
8

Лабаво со GoPro камерата на Александар Трајковски

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Сеир, видео дефиниција

Балканштина

Нема ова долго да трае

Балканштина

Наместо сол, песна на рана

Македонштина

Нас Август нè упропасти

Балканштина

Човекот кој се вратил на правиот пат

Балканштина

Ние и Босна, тие сме тие

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Цел Амазон да го изгориме, на кислородот нема да му фали ништо

Ајде Радо, ајде Леонардо

Кога Сорос ќе распише конкурс

Во Бразил има 200.000 робови

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy