Двајца нови дебитанти на списокот на Милевски
27 August 2025
- Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Боби Милевски го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролниот натпревар против Саудиска Арабија на 4 септември во Прага и квалификацискиот за СП 2026 против Лихтенштајн, закажан за 7 септември во Скопје.
- Двете нови имиња се играчот од средниот ред на Шкендија, Решат Рамадани и напаѓачот Елмин Растодер од швајцарски Тун.
-
„За жал, не можеме да сметаме на Агон Елези поради повреда на рамото. Овојпат не се повикани Ашковски, Манев и Бојан Димовски поради ситуацијата со нивните клубови. Се надевам дека ќе се стабилизираат и повторно ќе се вратат во националниот тим“, изјави Милевски.