Црногорецот Марко Шќепановиќ до пред некое време најнормално си бил гуслар. Ама, којзнае како влегува во политика и миц-по-миц напредува за денес да е советник на потпретседателот на срската влада, Ивица Дачиќ. Како таков сестран, Марко неретко е гост на пријателски телевизии како Пинк и Хепи каде коментира актуелни случувања, при што когнитивната гусла често знае да му зариба.