
Никој со здрава логика денес не верува во официјалната верзија за самоубиството на педофилот Џефри Епстин, кој беше пронајден обесен во затворската ќелија што била под присмотра. Иако на снимките од затворските камери наводно не се гледа ништо, Марк Епстин тврди дека неговиот брат бил убиен. Случајот е затворен, исто како што е и досието на ФБИ за човекот што им местел малолетни девојки на истакнати клиенти, а потоа ги уценувал.
Уште поголема мистерија е колку лесно гинат луѓе што биле активни или потенцијални сведоци за педофилската мрежа, во која биле вплеткани највлијателните луѓе на планетата, од поранешни и идни претседатели на САД, сенатори, конгресмени, холивудски ѕвезди, до британски принц. Во необјаснети или сомнителни околности загинале уште најмалку 20 луѓе, поврзани со Епстин, не било кои познаници, туку негови жртви, информатори, адвокати, банкари, детективи и новинари.
Проклетството почнало да се шири од ќелијата на Епстин. Главниот сведок Ефрејн Стоун Рејес, кој бил префрлен во ќелијата само еден ден пред „самоубиството“ и сведочел пред федерални агенти, по неколку месеци бил пронајден мртов.
Набрзо по сослушувањето пред ФБИ во 2022 година починал и Стивен Хофенберг, човекот што објави дека Џефри Епстин и неговата партнерка Гислејн Максвел снимале моќници со малолетни девојчиња. Хофенберг пред агентите тврдел дека Епстин имал врски со израелската разузнавачка агенција Мосад.
Вирџинија Џуфре (41), сведочела дека Епстин и Максвел три пати ја изнајмиле на британскиот принц Ендрју, првпат кога била на возраст од 17 години. Таа во 2023 година склучила вонсудска спогодба со принцот и се преселила во Австралија. Неколку месеци подоцна, мајката на три деца била пронајдена мртва на својата фарма. Наводно извршила самоубиство. Неколку дена претходно имала несреќа со својот мотор, но преживеала.
Роналд Епингер, наводно првиот човек што ја подведувал Џуфре, починал во 2006 година. Марвин Мински, професор на МИТ обвинет од Џуфре, починал во 2016 година од крварење во мозокот.
Од предозирање со дрога починале уште две сексуални жртви што го обвиниле Епстин - Ли Скај Патрик (29) во 2017 година, и Керолин Андријано (36) во 2023 година.
Џо Рекери, детективот од Палм Бич што ја водел оригиналната истрага за Епстин, починал „ненадејно по кратко боледување“ во 2018 година на возраст од 50 години.
Алфредо Родригез, поранешниот батлер на Епстин, кој се обидел да му го предаде на ФБИ озлогласениот „црн тефтер“, починал од мезотелиома во 2014 година.
Мртви се и двајца истакнати адвокати што му помогнале на Епстин да избегне посериозни обвиненија - Кенет Стар во 2022 година од „хируршки компликации“, а Рој Блек починал годинава во својот дом.
Поранешниот њујоршки детектив Џон Коноли, кој го истражувал минатото на Епстин, починал во 2022 година. Венди Ли, биограф на познати личности, паднала од својот балкон во Лондон во 2016 година. Нејзината смрт била прогласена за самоубиство.
Жан-Лук Брунел, агент за модели обвинет за трговија со девојки, бил пронајден обесен во затворска ќелија во Париз во 2022 година.
Стив Бинг, холивудски продуцент кој разговарал со ФБИ за Епстин, паднал од својот стан на 27-ми кат во 2020 година.
Марк Мидлтон, советник на поранешниот претседател Бил Клинтон поврзан со Епстин, бил пронајден обесен и застрелан во Арканзас во 2022 година. Полицијата го затворила случајот како самоубиство.
Томас Бауерс, извршен директор на Дојче банк кој ги надгледувал сметките на Епстин, бил пронајден обесен во 2019 година.
Трагата на мистериозните смртни случаи околу Епстин продира длабоко во минатото. Во 1985 година, Артур Шапиро, адвокат на Лес Векснер - мецената на Епстин, бил застрелан само неколку недели пред да биде испрашуван од даночните власти. Неговото убиство не е решено. Епстин набрзо потоа ја презеде својата улога.
Бери Кеслер, осомничен дека го нарачал убиството на Шапиро, починал во затвор во 2005 година.
Гислен Максвел денес е последниот жив инсајдер од мрежата на Епстин. Таа отслужува казна од 20 години затвор. Откако се согласи да биде соработник во случајот и да сведочи пред Конгресот, префрлена е во затвор со минимална безбедност во Тексас, во кој ќелиите не се надгледувани со камери. Нејзиниот брат Ијан превентивно изјави за Enquirer: „Таа нема самоубиствени мисли“.
******
Види и: Батали заговорите, фактите околу смртта на Епстин се многу полоши