Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Новиот полски претседател решен да го смени Уставот

6 August 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Веднаш откако ја даде свечената заклетва, новиот полски претседател Карол Навроцки најави иницијатива за промена на Уставот со цел да го заштити суверенитетот.
  • „Полскиот Устав неодамна беше толку многу нарушуван, поради што ние како политичка класа мора да почнеме да работиме на нов Устав, кој би бил спремен за усвојување верувам до 2030 година“, кажа Навроцки во инаугуративното обраќање до Парламентот.
  • Тој не објасни што конкретно треба да биде променето во Уставот. За секоја промена потребно е одобрување од двотретинско мнозинство во Парламентот. Партијата Право и правда, чиј кандидат беше Навроцки, е во опозиција, но се надева дека претседателот може да ја приближи до мнозинство на изборите во 2027 година.
  • Како популист што го споредуваат со Доналд Трамп, се очекува Навроцки да блокира многу закони од проевропската влада на Доналд Туск. Навроцки се спротивставува на нелегалната миграција и усвојувањето на еврото и вети дека ќе се спротивстави на секој обид од Брисел да ѝ одземе моќ на Полска.
  • „Ќе бидам гласот на оние што сакаат суверена Полска, која е во Европската Унија, но е и ќе остане Полска“, порача новиот претседател.
извор

Германија запре извоз на воена опрема за Израел

8 August 2025
  • Share
  • Post
  • Канцеларот Фридрих Мерц објави дека Германија повеќе нема да извезува во Израел оружје и воена опрема што би можеле да бидат употребени во Газа.
  • „Тешко е да се разбере како операцијата за окупирање на градот Газа ќе му помогне на Израел да ги исполни своите цели. Во овие услови, германската влада нема да одобрува никаков извоз на воена опрема што би можела да се употреби во Газа“, изјави канцеларот.
  • Откако на 7 октомври 2023 година почна војната во Газа, па се до 13 мај годинава, Германија одобрила лиценци за извоз на воена опрема на Израел во вредност од 487 милиони евра.
  • Претходниот канцелар Олаф Шолц тивко го намали извозот на оружје од 326,5 милиони евра во 2023 година на 161 милион лани, но и тоа е пет пати повеќе отколку во 2022 година.
извор

Алтман го претстави „докторот“ ГПТ-5

8 August 2025
  • Share
  • Post
  • Опен АИ го претстави ГПТ-5,  алатка со вештачка интелигенција од новата генерација, за која тврди дека нуди експертиза на докторско ниво.
  • „ГПТ-3 беше како да разговарате со ученик, ГПТ-4 како со студент. ГПТ-5 е првиот што остава впечаток дека разговарате со експерт од рангот на доктор за која било тема“, вели шефот на Опен АИ, Сем Алтман.
  • Со слични епитети сите компании за ВИ ги претставуваат новите модели. Илон Маск неодамна го претстави Грок како „подбар од доктор во сè“.
  • За разлика од своите претходници, ГПТ-5 е повеќе насочен кон програмерите. Опен АИ тврди дека е „почесен, попрецизен и почовечен“.
  • „Новиот модел е попаметен, побрз и покорисен. Да се има нешто како ГПТ-5 би било незамисливо во историјата на човештвото“, објави Алтман.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Нешто ќе те питам ЧетГПТ, право да ми кажеш

Забава
2

Луѓе, знаете дека е фајронт?

Забава
3

Не, немате вие чуден комшија

Балканштина
4

„Мене ми е смешен“ тип на човек кој кажува вицови

Балканштина
5

Полска го достигна животниот стандард на Јапонија

Бизнис
6

Либералите во 2025 година

Забава
7

Хрватска уште е наша, балканска

Балканштина
8

Како се калеше кинескиот челик

Технологија
1

Полска го достигна животниот стандард на Јапонија

Бизнис
2

Како се калеше кинескиот челик

Технологија
3

Британците ни го украдоа СВОЗ

Свет
4

Кина запре пустина голема колку Германија

Разно
5

Трговската војна помеѓу САД и Индија може да ја офајди Кина

Свет
6

Премиер со вештачка интелигенција

Свет
7

Нема потреба од боцкање, ќе се клукаме со ново апче за слабеење

Здравје
8

САД даваат 50 милиони за апсење на Мадуро

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не, немате вие чуден комшија

Балканштина

„Мене ми е смешен“ тип на човек кој кажува вицови

Балканштина

Хрватска уште е наша, балканска

Македонштина

Солун е ваш

Македонштина

Ја сфаќате ли сега важноста на Стојанче?

Македонштина

Лов на лакоми кленови

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Бато, хтела сам спикати

Нека, добро е и вака

Време е да се бега од земјава

Маица за 2-ри мај

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy