Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Израел го разнесе Дамаск за да ги заштити Друзите

17 July 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Израелски авиони жестоко го бомбардираа центарот на Дамаск, го разнесоа Министерството за одбрана и погодија цели близу претседателската палата, во операција да ги заштитат Друзите од нападите на сириските владини сили.
  • Израелските власти ги сметаат за „маскирани џихадисти“ новите сириски власти на Ахмед ал Шараа, кои лани го соборија режимот на Башар ал Асад.
  • „Израел ќе продолжи решително да дејствува против која било терористичка закана на своите граници, насекаде и во секое време“, изјави амбасадорот во ОН, Дани Данон.

BREAKING:

This is not Gaza.

This is not Beirut.

This is Damascus.

Israel is raining bombs on Syria’s capital, targeting civilian neighborhoods and government sites, in one of the oldest cities on Earth — a city that has stood for over 11,000 years. pic.twitter.com/7iPm4WwPZg

— sarah (@sahouraxo) July 16, 2025
  • Повеќе од 350 луѓе загинаа во изминатите три дена во пресметките помеѓу сириските владини трупи и вооружени групи на Друзи, арапско-шиитско малцинство во регионот, лојално на израелската држава. 
  • Сирискиот привремен претседател Ал Шараа изјави дека „заштитата на Друзите ќе биде приоритет“ на неговата влада, но предупреди и дека „Сиријците не се плашат од војна“ и дека „ќе се борат ако им е загрозено достоинството“.
  • САД најавија дека брзо ќе ја смират новата војна. „Се согласивме на специфични чекори што уште вечерва ќе ја смират оваа вознемирувачка ситуација“, порача државниот секретар Марко Рубио.
извор

Во Британија ќе се гласа со наполнети 16 години

17 July 2025
  • Share
  • Post
  • Од следните избори во Британија право на глас ќе имаат и тинејџерите со наполнети 16 години. Тоа ќе донесе околу 1,5 милион нови гласачи.
  • Границата досега беше 18 години. Шкотска и Велс веќе ја спуштија на 16 години за регионалните избори.
  • „Ако се доволно возрасни за да работат, да плаќаат данок и да служат војска, зошто да не можат да гласаат“, вели лабуристичкиот премиер Кир Стармер.
  • „Како може да гласаат, ако немаат право да склучат брак, да одат во војна или да се кандидираат на избори“, возвраќаат ториевците, кои се против одлуката.
  • Ќе се променат и други услови за гласање. За идентификација ќе може да послужи платежна картичка од која било британска банка. Ќе се заострат условите за донации за да се спречи мешање во изборите од странство. Сега секоја британска компанија може да донира во кампања, без оглед кога била основана, кои се сопствениците и од каде ѝ се парите.
извор

Волт во Хрватска штрајкуваат

17 July 2025
  • Share
  • Post
  • Доставувачите на платформата Волт во Хрватска за денес закажаа штрајк „поради драстичниот пад на приходите, намалувањето или укинувањето на бонусите, неподносливите услови за работа и систематските закани кон работниците кои се обидуваат да преземат колективна акција“.
  • Од компанијата реагираа дека жалат што дел од доставувачите се решиле на ваков чекор но дека поголемиот дел од нив се задоволни од соработката со Волт и дека слободата и флексибилноста - да работат кога и колку сакаат - остануваат клучни причини што ја избрале таа платформа. 
  • „Работам 12 саати дневно, шест дена во неделата, соба плаќам 350 евра, скутер и гориво 500, тука се и Волт, даноци.... Знаете ли колку ми останува на крај?“, вели за Јутарњи еден од доставувачите, Индиецот Анураг.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Фала Заев, фала Димитров

Македонски рулет
2

Крвта, неписмени, крвта

Македонштина
3

Битолскa дисциплина

Балканштина
4

Парма ли е, свадба ли е во Континентал 95-та?

Фудбал
5

Никола Јокиќ во Кина пречекан како Бата Живојиновиќ

Кошарка
6

Со постот се претера

Македонштина
7

Toj т'п, ние упорити

Македонски рулет
8

Аргументите на Миленко за Вардар

Фудбал
1

Патлиџанот вреска, молците слушаат

Наука
2

Израел го разнесе Дамаск за да ги заштити Друзите

3

Волт во Хрватска штрајкуваат

4

Миљенко Јерговиќ: Ведрана Рудан и логорот Загреб

5

Холандија штеди струја за да ја спаси мрежата

Свет
6

Нема ни математика ни демократија во буџетот на Урсула за ЕУ

Свет
7

Науката ја потврди исцелителната моќ на супата

Здравје
8

Втора мајка спасува бебиња од наследни болести

Здравје
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Битолскa дисциплина

Македонштина

Со постот се претера

Македонштина

Ние што не сме дивоградби, гледа ли некој како живееме?

Македонштина

Крвта, неписмени, крвта

Балканштина

Да била машко, на друго ќе накапала

Македонштина

Вака се сака Преспански

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Работа 2.0

Краставица? Не, благодарам

Родителска победа

Онлајн феминизмот како ексклузивен Клуб на злобни девојки

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy