- Додека трае летото, сите клубови работат на пронаоѓање нови свежи сили кои ќе ги засилат екипите.
- Очекувано најмногу трошат најбогатите и оние кои добро заработуваат и од продажби.
- Ливерпул е рекордер летово со историски рекордниот најскап трансфер во Премиер лига - Флоријан Вирц од Баер Леверкузен дојде во Ливерпул за неверојатни 125 милиони евра плус бонуси. Овој трансфер го надмина и оној астрономскиот на Челси со Енцо Фернандез (121 милион евра).
- Втор најскапо платен играч летово е Матеуш Куња за кого Манчестер Јунајтед плати 74,2 милиони евра! Уште еден премиерлигаш е на листата најскапи селидби: Мартин Зубименди од Реал Сосиедад отиде во Арсенал за 70 милиони евра! Џејми Гитенс од Борусија Дортмунд во Челси за 64,3 милиони евра, Мохамед Кудус од Вест Хем во Тотенхем за 63,8 милиони евра, Жоао Педро од Брајтон во Челси за 63,7 милиони евра, Дин Хујсен од Борнмут во Реал Мадрид за 62,5 милиони евра итн. итн...
- Триесет и шест годишниот центарфор и капитен на Австрија неколку недели ги разгледувал сите понуди од разни страни. На крајот се решил да ја прифати најбогатата, онаа од турска Анталијаспор која му понудила најдобри услови досега.
- Арнаутовиќ со фудбал почнал во виенските ривали Австрија и Рапид, а обата клуба се надеваа дека би можеле да го вратат да доигра кај нив пред крај на кариерата. Се споменуваше и белградска Црвена звезда.
- На крај го убедил некогашниот играч на Интер и Галатасарај Емре Белозоглу. Арнаутовиќ во кариерата играше уште и за Вест Хем, Шангај, Стоук и Болоња. Со Интер освои дури 5 трофеи меѓу кои и еден пехар во Лига на шампиони.
- Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, Македонија ЃП се пофали со најновото „засилување“, по име Луј Микел Сила.
- Станува збор за Французин со голема желба да стане фудбалер, но е само аматер кој ја продава својата приказна на Тик-ток. Две недели бил во Скопје, а во еден период, 72 часа спиел пред стадионот на Македонија ЃП.
- 31 годишниот Сила се претставува како „нов Ламин Јамал“. Ги следел тренинзите на тимот и барал да му дадат договор. Македонија ЃП го претстави како свој играч, но само колку за промоција на социјалните мрежи.