- Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, Македонија ЃП се пофали со најновото „засилување“, по име Луј Микел Сила.
- Станува збор за Французин со голема желба да стане фудбалер, но е само аматер кој ја продава својата приказна на Тик-ток. Две недели бил во Скопје, а во еден период, 72 часа спиел пред стадионот на Македонија ЃП.
- 31 годишниот Сила се претставува како „нов Ламин Јамал“. Ги следел тренинзите на тимот и барал да му дадат договор. Македонија ЃП го претстави како свој играч, но само колку за промоција на социјалните мрежи.
- Триесет и шест годишниот центарфор и капитен на Австрија неколку недели ги разгледувал сите понуди од разни страни. На крајот се решил да ја прифати најбогатата, онаа од турска Анталијаспор која му понудила најдобри услови досега.
- Арнаутовиќ со фудбал почнал во виенските ривали Австрија и Рапид, а обата клуба се надеваа дека би можеле да го вратат да доигра кај нив пред крај на кариерата. Се споменуваше и белградска Црвена звезда.
- На крај го убедил некогашниот играч на Интер и Галатасарај Емре Белозоглу. Арнаутовиќ во кариерата играше уште и за Вест Хем, Шангај, Стоук и Болоња. Со Интер освои дури 5 трофеи меѓу кои и еден пехар во Лига на шампиони.
- Мајкл Џордан бил во Грција како дел од специјален настан организиран од неговиот бренд „Board of Greatness“.
- Човекот кој е поим за кошарка, имал незаборавна вечер во ресторан во Вулијамени, Атина, заедно со кошаркарските ѕвезди Лука Дончиќ, Кармело Ентони и Бам Адебајо.
- Грчка Газета пишува дека до толку бил импресиониран од гостопримството и кулинарското искуство составено од грчки морски плодови и традиционални вкусови, што оставил неверојатен бакшиш од 10.000 евра.