- Српски Телеграф денес пишува дека доскорешниот капитен на репрезентацијата на Србија и некогашен лидер на Ајакс, Душан Тадиќ нема намера да се врати во татковината од каде добил две сериозни понуди.
- Неговиот матичен клуб Војводина од Нови Сад и белградска Црвена звезда наводно му нуделе од 1,5 до 2 милиони евра годишна плата на Тадиќ но тој на крајот после неколку неделно вагање, решил да замине ни помалку ни повеќе туку во шпанскиот трофеен гигант Атлетико Мадрид.
- На Србинот летово му истече договорот со Фенербахче каде во последниве неколку сезони играше под водство на Жозе Мурињо. Тој наводно добил неколку понуди од други клубови, а бил разочаран од односот на управата на Фенер кон него после толку години заедно.
- Триесет и шест годишниот центарфор и капитен на Австрија неколку недели ги разгледувал сите понуди од разни страни. На крајот се решил да ја прифати најбогатата, онаа од турска Анталијаспор која му понудила најдобри услови досега.
- Арнаутовиќ со фудбал почнал во виенските ривали Австрија и Рапид, а обата клуба се надеваа дека би можеле да го вратат да доигра кај нив пред крај на кариерата. Се споменуваше и белградска Црвена звезда.
- На крај го убедил некогашниот играч на Интер и Галатасарај Емре Белозоглу. Арнаутовиќ во кариерата играше уште и за Вест Хем, Шангај, Стоук и Болоња. Со Интер освои дури 5 трофеи меѓу кои и еден пехар во Лига на шампиони.
- Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, Македонија ЃП се пофали со најновото „засилување“, по име Луј Микел Сила.
- Станува збор за Французин со голема желба да стане фудбалер, но е само аматер кој ја продава својата приказна на Тик-ток. Две недели бил во Скопје, а во еден период, 72 часа спиел пред стадионот на Македонија ЃП.
- 31 годишниот Сила се претставува како „нов Ламин Јамал“. Ги следел тренинзите на тимот и барал да му дадат договор. Македонија ЃП го претстави како свој играч, но само колку за промоција на социјалните мрежи.