Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Радувајте се навивачи на Ливерпул, Вирц дојде на Енфилд за рекордна историска сума

13 June 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели

Фото: Epa Images 

  • Ливерпул и Баер Леверкузен конечно постигнаа договор. Најдобриот германски фудбалер Флоријан Вирц ќе потпише за англискиот шампион договор вреден 116 милиони фунти (157 милиони долари).
  • Црвените ќе платат иницијални 100 милиони фунти и ќе постават нов клупски рекорд а и нов британски рекорд ако се исполнат сите договорени евентуални бонуси од постигнати успеси на теренот.
  • 22-годишниот Германец го надминува досегашниот рекорд во Премиер лигата од лани кога Челси за Еквадорецот Моизес Каиседо плати неверојатни 115 милиони фунти во Брајтон.
извор

Македонец стана најскап трансфер во историјата на Олимпија Љубљана

13 June 2025
  • Share
  • Post
  • Димитар Митровски (26), откровението на минатата сезона во хрватската прва лига ХНЛ, официјално потпиша за Олимпија Љубљана во која доаѓа од хрватски Вараждин.
  • Словенечкиот клуб за него плаќа околу 800.000 евра што е најскапа инвестиција во историјата на клубот. Досега најскапо платен бил Нигериецот Блесинг Елеке за кого во 2016-та „змајчеки“ платиле 750.000 евра.
  • Митровски потпишал договор до 2028-ма година и ќе ја пополни позицијата на која играше Раул Флоруц кој заминува во друга лига.
  • Митровски сезонава постигна 8 гола на 28 меча за Вараждин. Игра како крилен напаѓач. За Македонија веќе има 8 настапи. Досега во кариерата играл за Работнички, Ханза Рошток, Магдебург и Спортинг Лисабон.

🇲🇰🪄 pic.twitter.com/umUJgKQAqo

— NK Olimpija Ljubljana (@nkolimpija) June 13, 2025
извор

Вале Радуловиќ единствена Македонка меѓу најдобрите стрелци во ЛШ!

13 June 2025
  • Share
  • Post
  • Легендарната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров која постигна 275 гола во Лигата на шампиони се наоѓа на вечната листа од 100 најдобри голгетерки во европската Лига на шампиони. Радуловиќ се пензионираше во 2009-та година а во меѓувреме имаше и неколку повремени настапи во улога на тренер-играч во домашната Суперлига.
  • Најдобра во историјата на Лига на шампиони е легендарната Романка Кристина Неагу која има дури 1.232 гола. Јованка Радичевиќ која играше со голем успех за ЖРК Вардар има 1.181 гол а третото место на вечната листа најдобри стрелци и припаѓа на Србинката Андреа Лекиќ која исто играше во Вардар со Радичевиќ. Лекиќ има 1.073 погодоци во елитната Лига на шампиони. Тука се уште и Анита Горбис со 1.016 гола и Ана Грос со 967 погодоци.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

К'смет во седиштето 11А

Свет
2

Мосад скрил дронови во коли до Техеран

Свет
3

Штипска обвинителка можела да биде на четири локации во исто време

4

Капитенот на Манчестер Јунајтед со порака до Стефан Ристовски

Фудбал
5

Никнуваат згради на диво додека инспекторите ловат огради

6

Епизодата за децата која Јутјуб ја цензурираше

Видео
7

Жртви во Израел од ирански проектили

8

Израел нема да запре додека не го собори режимот во Техеран?

Свет
1

Капитенот на Манчестер Јунајтед со порака до Стефан Ристовски

Фудбал
2

Од Жељко за играчите музичка желба

Кошарка
3

Во незапаметена атмосфера пред 21.000 гледачи, Партизан ја освои АБА лига

Кошарка
4

Радувајте се навивачи на Ливерпул, Вирц дојде на Енфилд за рекордна историска сума

5

Возач во магацин ќе брани против Кејн и Меси на Светско клупско првенство

Фудбал
6

Македонец стана најскап трансфер во историјата на Олимпија Љубљана

7

Магија на Шеј Гилџес-Александер, Оклахома го врати ударот во НБА финалето

Кошарка
8

Листа на германски клубови со највисоки казни за пиротехника

Навивачи
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Кружна економија

Македонштина

Акција „Зголеми го профитот“

Македонштина

Мислеле, мислеле и...

Балканштина

На галантноста ѝ нема крај

Македонштина

Оти другине марамчиња ве дујат

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Жириновски против буквата 'ы'

Што Канада знае за Македонија?

Орвел би ја пердашел денешната левица

Квадратура на скопскиот круг

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy