- Околу 15 високи полициски функционери добиле откази од своите работни места бидејќи изминатите години селективно и незаконски им давале дозволи за поседување оружје на лица кои не ги исполнувале условите.
- Не само што давале кај што не треба, туку и лишиле од право на дозвола за оружје лица кои ги исполнувале условите.
- Зад овие 15 функционери се останати над 5.000 нерешени предмети поврзани со дозвола за оружје.
- Освен што се отпуштени, за функционерите ќе следува и кривична постапка.
- Тошковски најавил и дигитализација на процедурата за вадење на дозвола за оружје.
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека разговорот меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и рускиот претседател Владимир Путин „ја отвора Пандорината кутија“ бидејќи ги поткопува напорите да се изолира рускиот лидер.
- Како што пренесуваат германските медиуми, Зеленски го предупредил германскиот канцелар пред да разговара со Путин дека овој разговор може да му помогне на рускиот претседател да излезе од меѓународната изолација и да продолжи со воените операции против Украина.
- „Путин не сака мир, тој само сака пауза“, рече Зеленски.
- Од 2017 година па навака, Македонска пошта работи со загуби, при што најголемата загуба е евидентирана во 2022 година во вредност од 3,7 милиони евра. Загубите се должат на неплатени кредити, заеми и сметки за струја.
- Според плановите на претходната власт, зградата на Македонска пошта што настрада во пожар во 2013 година требало да биде дадена на користење на ресторан со кабаре.
- „И дај боже на претходната власт намерата да и била приватизација на Македонска пошта, иако јас не се согласувам со тоа но нивната цел не била ни приватизација туку пропаѓање на македонски пошти со отворање на приватни пошти“, изјави министерот Александар Николовски, повикувајќи ги обвинителите и ревизорите да ја проверат работата на Агенцијата за пошти.