- Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го разреши министерот за здравство Вили Берош, откако беше уапсен од нивната единица за сузбивање на корупција и организиран криминал (УСКОК) поради сомневање за корупција.
- Истрага се води против вкупно осум луѓе, од кои првоосомничениот водач на злосторничкото здружување, контроверзниот бизнисмен Хрвоје Петрач не е уапсен бидејќи е надвор од Хрватска.
- Министерот Берош се товари дека за коруптивна набавка на микроскопски уреди за операции, од три болници земал вкупно 75.000 мито.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.