- За необелоденета сума, сатиричната публикација Онион ја купи платформата на Алекс Џонс, десничар и љубител на завери познат по својата бучна и ексцентрична појава.
- Онион победил на аукцијата поддржан од родителите на жртвите од пукањето во основното училиште Сенди Хук кои судски добија обештетување од 1,5 милијарди долари затоа што Џонс ширеше лаги за масакрот. Поради ова, Џонс отиде во банкрот.
- Инфоворс го има создадено во 1999 година и неговото преземање го смета за удар врз слободниот говор. Новите сопственици најавија дека имаат намера Инфоворс да го направат „многу смешен и многу глуп сајт“.
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека разговорот меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и рускиот претседател Владимир Путин „ја отвора Пандорината кутија“ бидејќи ги поткопува напорите да се изолира рускиот лидер.
- Како што пренесуваат германските медиуми, Зеленски го предупредил германскиот канцелар пред да разговара со Путин дека овој разговор може да му помогне на рускиот претседател да излезе од меѓународната изолација и да продолжи со воените операции против Украина.
- „Путин не сака мир, тој само сака пауза“, рече Зеленски.
- Од 2017 година па навака, Македонска пошта работи со загуби, при што најголемата загуба е евидентирана во 2022 година во вредност од 3,7 милиони евра. Загубите се должат на неплатени кредити, заеми и сметки за струја.
- Според плановите на претходната власт, зградата на Македонска пошта што настрада во пожар во 2013 година требало да биде дадена на користење на ресторан со кабаре.
- „И дај боже на претходната власт намерата да и била приватизација на Македонска пошта, иако јас не се согласувам со тоа но нивната цел не била ни приватизација туку пропаѓање на македонски пошти со отворање на приватни пошти“, изјави министерот Александар Николовски, повикувајќи ги обвинителите и ревизорите да ја проверат работата на Агенцијата за пошти.