Можеби немаме цврсти, непобитни елементи какви што посакувавме, но поединечната и заедничката проценка на доказите нè доведе до јасна одлука, рекла едната.
Да не знаеле дека детето ќе оди само, немало да има грабнување, рекла другата.
Се викаат Ана Стојковиќ Димитриевска и Жаклина Трајковска. Ќе поднеле жалба што Александар Ѓорчевски добил ослободителна пресуда.
Американскиот претседател Доналд Трамп побара од израелските судски власти да му ги простат гревовите на премиерот Бенјамин Нетанјаху или да го поништат судењето за корупција, кое го опиша како „лов на вештерки“.
Судењето на Биби Нетанјаху треба да биде поништено, веднаш, или треба да биде помилуван Големиот херој, кој направи толку многу за државата, порача Трамп на својата социјална мрежа.
Трамп го опиша Нетанјаху како „воин“, но и нагласи дека САД го спасиле Израел (од Иран) и дека ќе го спасат и Нетанјаху (од затвор).
Нетанјаху на 3 јули треба да се појави на суд во Тел Авив за да биде сослушан за трите обвинувања за примање поткуп, измама и нарушување на довербата. Тој ги отфрла како неосновани. Судскиот процес се очекува да трае уште најмалку една година.
Претседателот Исак Херцог има право да го помилува премиерот, но за израелски медиуми изјави дека никој досега не го побарал тоа од него и дека не размислува на таков чекор.
Бугарскиот министер за внатрешни работи се пофали дека неговата држава им дала бугарски пасоши на преку 200К луѓе од Македонија.
216.594 пасоши им биле дадени на македонски државјани од 2007 година до 2025, уточни министерот Даниел Митов.
Ако толку пасоши дале за 18 години, кај и да е, за едно 130 години, овде сите ќе имаат бугарски пасош. А пошто викаат дека имаат успорено со давање во последно време, можеби и 200 години.