Србин не може да се изначуди на тоа колку различно изгледа Словенија во однос на појужниов дел на Балканот. Никаде кладилници, никаде пикавци (луѓе одат дури до корпа за да фрлат пикавец, еј!). Ниедна застаклена тераса ни од ѓутуре поставена клима а зелени површини толку што, да им дојде некој наш градоначалник од типот на Стевче, има да дели маркици за градба ко сликици од Светско првенство.