РФМ ги исфрли од лига екипите кои се бламираа со автоголови
13 November 2024
- Ракометните екипи на Скопје и Гевгелија се исклучени од системот на натпреварување за сезоната 2024/2025 во сите женски категории, откако на Куп натпревар се однесуваа аматерски и намерно си постигнуваа автоголови, најверојатно за да го избегнат Ѓорче како следен противник.
- Суспензии добија и официјалните лица на двата клуба, како и делегатот.
- Валентина Радуловиќ како претседател на ЖРК Скопје и Јулија Беќарова, претседател на ЖРК Гевгелија, добија забрана за вршење на било каква функција во ракометот во следните две години.