Нено Димитријевиќ: „Едвај чекам да заиграм пред најдобрата атмосфера во Евролига“
15 November 2024
- Во опширен разговор за Спортклуб, најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ вели дека полека се адаптира на новата екипа Олимпија Милано, играчите сè подобро се разбираат меѓу себе и тоа е добра основа за продолжение на сезоната.
- Димитријевиќ вели дека како и за сите евролигашки кошаркари, така и нему му се поклопува календарот во ист ден кога има репрезентативна кошарка, да мора да играат и за својот клуб. Нено ќе го пропушти дуелот со Литванија во Скопје а се надева дека ќе биде спремен три дена подоцна да настапи на гости против Литванците.
- Вечерва го очекува прв настап во белградска Арена против Партизан, тим за кој навивал како мал. „Кога го соопштија распоредот, видов дека играме за брзо и си реков ете нема многу да чекам. Едвај чекам да ја почуствувам таа атмосфера, посебно чувство е да се игра во неа“.