Победа на Македонија над Летонија за пласман во Б дивизија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва минимално со 1-0 ја совлада Летонија во претпоследното коло од групната фаза во Лига на Нации и осигура прво место и пласман во погорна дивизија.

Селекторот Боби Милевски не експериментираше и на терен ги извади најдобрите 11 фудбалери од кои многумина за жал немаат никаква минутажа во своите клубови.

Летонците не се некоја фудбалска велесила но и како такви пружија тврд отпор на „Градски“ во Скопје. Во првата фаза од првиот дел се играше претежно на средина на теренот без поголеми шанси пред двата гола.

Избраниците на Милевски тргнаа порешително пред крајот на првиот дел но пропуштија неколку шанси да го отворат гостинскиот голман.

Алими, Трајковски и Миовски имаа свои шанси но не искористија. Подоцна стигна и повредата на Елиф Елмас кој сам побара замена а наместо него на терен влезе Лирим Ќамили.

На пауза се отиде без голови, а во вториот дел Македонија тргна по цел плен.

Погодокот дојде во 57' минута кога стоперот Никола Серафимов одлично реагираше по една одбиена топка во гостинскиот шеснаесетник и Македонија поведе 1-0. Ова беше дебитантски гол за Серафимов.

Црвено-жолтите го сочуваа водството до крајот и славеа победа со која и математички го осигураа првото место. Македонија има 13 бода, а сензација се чуди во Ереван каде Ерменија изгуби 0-1 од Фарски Острови кои сега со 6 бода се на второ место. Летонија и Ерменија останаа на по 4 бода.

Во недела од 15:00 часот Македонија ќе ја затвори групната фаза во Лига на Нации против Фарски Острови во Скопје.

14 ноември 2024 - 22:42