Болва во уво

Некој јадник во оваа држава, за да земе плата, морал да ме слуша и да запишува што зборувам. Му завршува работното време, тој се враќа дома, жена му го прашува: "Kој ти се падна денеска?", а овој со наведната глава промрморува: "Oној Трендо".

Тенк ју Арменд Мифтари

Таман малку нè смори пресмешноста на хуморот во македонскиот кампус, доаѓа вистинско освежување од албанскиот. Песна благодарница за Америка и нејзината помош за каузата. Арменд Мифтари на САД им вика дека се легенди, пискипери, бестфрендови па чак и пеин рилисери. И погодете што? Нема да можете да престанете да ја слушате.

Што ќе ми е ова, побогу?

Професорскиот пленум во последно време се едни од најревносните полначи на нашето уредничко сандаче (додуша малку се разочаравме што не кажаа ништо за ракометот Македонија - Словенија). И додека повеќето од нив се бават со големите идеи за автономија и за фактори, ја забораваме човечката приказна којашто стои зад секој закон, па и зад овој што е актуелен. Да збореа професорите со ваков - со опроштение на софрава - дискурс, веројатно немаше толку лесно да помине муабетот за нив како елитисти и снобови. Браво Ана.

Од времето кога војните беа кај нас

Веројатно во времето кога ова се случувало би нашле зошто да навиваме или подеднакво да ги мразиме ликовите од клипов. Од оваа дистанца ама никако не ти е јасно како можело да дојде до тоа дно. А може.