Јанко:

Трендо...!

Прости мајсторе, морав да напишам, а не смеев да објавам, како што се плашам на некој кој слави роденден на дете и објавил слика да му кликнам лајк за да не трпи заради моето виртуелно присуство таму. Знаеш и самиот кога во лудницата ќе се вознемират пациентите; нема говор на разум, рационалност ... мораш да чекаш да се смири а потоа сите ќе глумат како ништо да не било ...

Трендо, друже,

Човек си со душа, а душата ти е како планина, затоа и се вознемирив до болка кога ја слушнав целава кашканица околу тебе. Знам дека не ти треба ни раме, ни поткрепа, си истргал доволно да можеш заушки да си мавате у Чамо со Џек Лондон. Најмалку моја поддршка ти треба, моја утеха, но не можам да преќутам, сакам гласно да кажам, а ти пишувам во инбокс за да ти подадам рака кога си на промаја од раждригани лудаци чија смрдеа е еднаква на поганоста и омразата која ја носат.

Сакав да напишам колумна но си го скршив прстот намерно тоа да не го направам. Почнав да ја корнам тастатурата за да не објавам макар едно ЗДРАВО ПРИЈАТЕЛЕ, ДРЖИ СЕ но и едно добар ден ќе ти го сипаат на глава само затоа што е од мене. Брат, другар, ова е мојата дупка во земја оти ми се урла да зинам во една тирада за тебе два часа уста да не затворам и затоа, ти пишувам. Не заради тебе, заради себе. ти се носиш со животот подобро од било кој кој го познавам. Те доживувам како ДАБ, остана на коренот и го пушто 130 метри длабоко, а камо ли сега оваа промаја да може да те разниша. И знам зошто ја напиша колумната, не да се браниш, туку затоа што ги сакаш луѓето кои ги прозиваат од љубов кон нив. Затоа што си душа...и затоа што те знам кога плачевме заедно, ти за загинатиот пријател, јас од болката која те расцепи а не можев да ја делам со тебе. Знам каков пријател си.
Оти од нас говори само љубвота и низ таа призма сè се води, иде и се враќа, колку и да звучи патетично, а како што приметуваш, не додржав тајно да го сочувам ова писмо. Рика патетикава моја од дупката се погласно која ја ископав.

Прости мајсторе, морав да напишам, а не смеев да објавам, како што се плашам на некој кој слави роденден на дете и објавил слика да му кликнам лајк за да не трпи заради моето виртуелно присуство таму. Знаеш и самиот кога во лудницата ќе се вознемират пациентите нема говор на разум, рационалност ... мораш да чекаш да се смири а потоа сите ќе глумат како ништо да не било ... откако седативите ќе делуваат.

Гушни ја Зока, баци ги децата, немам што да ти кажам, а да не ти е јасно и нема ништо што да ти кажам за да те утешам затоа што си утешен уште пред да се обидат да те вознемират. Чувај го тоа благо, таму се почнува и завршува, се друго е минливо и сенка.

Ма не читај, ти реков, многу сум растревожен само затоа што те ставија во говнарска игра. Кога ти си во ова, што останува за другите. Врескаат демократија, а ѕиркаат низ клучалката како бубљичави тинејџери кои го тинкаат на Лаура Антонели во Игра со Огнот. Тинкаат и урлаат за морал! Бљак!

Прости, држи се ...

Ми врие да ти ја реобјавам колумната, да ја ставам кај мене,. да ја прочитам во емисија ... но ќе го сторам тоа кога искрено ќе верувам дека седативите почнале да им делуваат и дека разумните ќе разберат бидеејќи додека мурлаат нонермалните спокојниот говор не се слуша, како МП3-ка ...

И го знаев јас Никола, се знаевме уште од 7 мо оделение, заедно бевме во Детската Радио Драма. Заедно снимавме куп емисии, серија, му се потпишував на гипсот кога ја скрши ногата на снимањето на Малиот Одред. Ме утепа од молење цел живот да пишувам кај него и знам колку добар и колку лош беше.
Месец дена пред да почне да искача Фокус ме викна во Сорос на состанок со Милчин да ме убеди да пишувам за него .... не бев спремен, ама му ја увалив Лидија, а кога почнав прв пат се соочив со лудаци Ла Гранде на естрадата и затоа побегнав после 7 месеци работа. Ме плаќаше со месеци потоа во надеж дека ќе се премислам... каков човек, људина! Му ги знаев и сте слабости и сепак беше прекрасен човек, но оваа некрофилија е огавно перверзна, особено што доаѓа од луѓе од кои он се гадеше. Се разделивме со лошо, заради тајните сметки на Бранко, но никогаш немав лоша помисла за него, до крај.

Јанко

пс.

Сори брат, го објавувам писмото ... толку, не замерувај. А другиве, кој ги ебе, нек се носат. Ма нека иде све у три лепе!

9 мај 2015 - 18:04