Актерската легенда Перо Арсовски објаснува еден скопски феномен на кој баш му е дојдено времето. Феномен од кој се креваат црвени облаци над Скопје, ги затињаат озонските дупки и така, ние скопјани, не се зрачиме со радијација.
Градска болница во Скопје, центар, најцентар на главниот град, на 50 метри од законодавниот дом во државата. Пред едно десетина години, заради електрична инсталација таму се запали информаторот за градската болница.