„Медената земја“ од најзагадената земја го освои Санденс

Видео снимка од доделувањето на наградите на Санденс, попрецизно од моментите кога „Медена земја“ е прогласен за најдобар светски документарец кој собра три скроз битни и престижни награди на влијателниот филмски фестивал. Почекајте го моментот кога Фаца (продуцентот на филмот) ја користи приликата за да ја упати веројатно единствената поважна порака од самата награда а е адресирана до властите и граѓаните на Македонија: „Ве молиме исчистете го воздухот во најзагадената земја на светот“.

Колку што знаеме, „Honeyland“ е прв филм во историјата на Санденс кој зема три главни награди.

Инаку, добитниците на главната награда од жирито на Санденс по правило завршуваат како конкуренти, ако не и добитници на Оскар. Да не се „изненадуваме“ повторно. Еве ја таа листа

********

Санденс официјално:

World Cinema Documentary Grand Jury Prize: Honeyland, directed by Tamara Kotevska and Ljubomir Stefanov

World Cinema Documentary Audience Award: Sea of Shadows, directed by Richard Ladkani

World Cinema Documentary Directing Award: Cold Case Hammarskjold, directed by Mads Brugger

World Cinema Documentary Special Jury Award for No Borders: Midnight Traveler, directed by Hassan Fazzili

World Cinema Documentary Special Jury Award for Impact for Change: Honeyland, directed by Tamara Kotevska and Ljubomir Stefanov

World Cinema Documentary Special Jury Award for Cinematography: Honeyland, cinematographers Fejmi Daut and Samir Ljuma

 

3 февруари 2019 - 13:42