Еко - Софија

Не само за историја, треба и за екологија да ни напишат нешто во учебниците. Стандарди, респонсивност на институции, инклузивност на социјални групи... Имаме многу за учење.

Голготата на нишки демонстрант

„Потресно“ сведоштво на нишлија кој организирано отишол во Белград да демонстрира за Вучиќ. Откако ги ислуша неговите маки, кои се сведуваат на тоа што другите автобуси имале не само сендвичи, туку и банани и јаболка (еј, и банани!), водителката со емпатија на најјако му кажа: „Бар вам је било лепо време“. Цареви!

Скопје, ориз, социјален проблем!

Уште во една стара македонска тв серија била детектирана една од сериозните причини за урбаните и социјалните проблеми на главниот град.