Станица за која навиваме: Радио Пела

Требаше да налетаме на прилог на Ал Џезиера за да дознаеме што имаме по дома. Две македонски новинарки, пред година дена решаваат да ја покренат единствената рурална станица во Македонија. Па браво, почнал и подмладок да доаѓа. Не им ја знаеме програмата ама концептот ни е одамна познат: прави го она што го сакаш и знаеш и не заборавај дека без разлика дал си урбан или рурал, најмногу ќе те замараат копита.

Психоделичен ГОА фолк

Зоран Шумадинац и нумерата Аутотјун. Да не убие човек ако знаеме да процениме што е поодвратно, Зоран или песната. Неиздржливи, до болка.

Сол на снежна рана

Надлежните служби за расчистување на патиштата од снег секоја година стануваат сè покреативни. Имаме показни вежби за две различни школи на истурање сол. Секоја со свои предности: првата истовремено е тим билдинг а втората е полуавтоматска.