На последното доделување на Глобусите, Џервејс поштено ги подбра оние кои прават филмови полни со морални поуки а истовремено работат за фирми кои експлоатираат евтина работна рака во Кина. Рики веројатно нема појма дека има бетер од Кина и Бангладеш.
Духот на Костурчанките (глас) и духот на абориџините (инструментот диџеридо) се среќаваат сосема случајно и спонтано, на неутрален терен, во Љубљана. Имаат тие два духа за што меѓусебе да си поплачат. Запис од средбата.