Како Денко станал Денко?

Како тој станал некој кој го познаваме како Денко Малески, некогашен министер за надворешни работи, предлог на ДУИ за консензуален претседател на Македонија и сè по ред? Така што се презива Малески. Покојниот Блаже Ристески се познавал со неговиот татко а тоа овде од памтивек била главната препорака за кариера. Денко Зостер инсистирал да биде шеф на дипломатија и ништо друго, овие прифатиле, пошто Блаже бил труп англиски.

„За жал, подоцна се покажа дека тој не е согласен за осамостојување на Република Македонија. На два состанока на безбедносните совети тој даваше изјави, записнички констатирани, дека не е согласен со самостојност на Република Македонија. Јас му кажав на Кљусев, му кажав на Глигоров дека имаме проблем. Тој е Министер за надворешни работи, а е против самостојноста. А ние готвиме одделување од Југославија. На една средба со Денко во кабинетот на Кљусев, тука беа уште двајца други министри, разговаравме за тоа и Денко даде оставка, писмена. Киро Глигоров имаше посебен однос спрема Денко, и го советуваше Кљусев да не ја прифати. И Кљусев само ја смачка молбата за отказ, и не му даде отказ. Меѓутоа по разговорот во канцеларијата на Претседателот, тој на вратата уште еднаш јасно и гласно рече: САМОСТОЈНОСТ САМО БЕЗ МЕНЕ! И ја тресна вратата!“
* извор

 

29 април 2020 - 10:56