Кој и како го колонизира Балканот?

Погледнете ги оние видеа со Јункер и ќе сфатите дека тој човек сам не може да се среди, а не па нас да нè средува, вели еден од двајцата соговорници во врска со онаа заводлива идеја дека „ЕУ ќе ни ги среди“ овие наши хендикепирани држави. А зборуваат Саша Радуловиќ (Доста је било, Србија) и Иво Пернар (Живи зид, Хрватска). Чисто да загребеме по оние уши кои фатија бигор од паролашки заклетви кон ЕУ (кои во суштина се јако северно-корејски) или од садо-мазо напаленост од нивниот камшик.

Геле нè распара

Со навидум добронамерна забелешка (Одамна немало рапер на Офф.нет), читател ни го набаци Геле К и ние наивно цапнавме на него како на нагазна мина. Нумерата се вика „Мултиталент“, збор кој некогаш е поточно да се напише „Антиталент“. Цапнете, слободно, одамна немало рапер на Офф.нет.  Кини ги, Геле!