Kaко не ни текна ова?

Тетоважи наместо книги со рецепти

Сте го отвориле готвачот на место каде не можете да го измацате, и целиот процес го минувате во трчање од него до шпоретот. Со лаптоп е уште полошо, ако во меѓувреме ви се вклучил скрисејверот, а таман сте почнале со месење. Решение: толку едноставно што е смешно.

I Tradizionali е креација на италијанските дизајнери Марина Цинцирипини и Сара Ричусо. Се работи за серија привремени тетоважи, ко оние што обично ги има во мастики, кои се доволно големи (односно мали) за да ги собере на подлактицата од внатрешната страна на раката. Секоја тетоважа е илустрација на состојките и техниките кои ви требаат за одредениот рецепт. А цртежите не само што се инструктивни, туку се и убави.

Покрај сето воодушевување кое го предизвикуваат, овие тетоважи за жал не успеаа да соберат доволно пари на Кикстартер изминатиов месец, што значи дека тие нема да бидат достапни за широка потрошувачка барем уште некое време. Еве како изгледаат, па можеби некој некаде сепак ќе сака да ги финансира (на италијански е, ама ќе сфатите)

28 јуни 2014 - 11:37