Кој ли сините бои ги крои,
та на морето сè му прилега и стои.
И корал црвен и сепија ќе речеш ете гнои
и китови бели и ражи ко штитови цели
и јата риби, како птици подводни сиви
и риби ко зебри и такви ко тигри диви.
Кој ли сините бои ги крои,
та на небото сè му прилега и стои.
И штркови црвено бели
и жерави црни цели,
и фламинга во јато к’о в саќе мед
и зелени змејови со шест глави в ред.
Кој ли сините бои ги крои,
како ли човек гледа на небото ако стои
како ли ако в вода наместо воздух вода се пои.
Небото црно било,
изјавата на Гагарин бодна ко шило
земјата сина
од песочната месечева дина.