Статички неодредени тонови нас повеќе нè нервираат отколку што нè опуштаат. Подобро функционираат звуци како капки дожд, песна на птици или предење на мачка. Благодарение на програмерот Мат Исон, сега не мора да се пребарува јутјуб за идеалната комбинација - можеме да ја направиме и самите.
Исон ја креирал Амбифон, веб страница која овозможува правење слоеви од различни звуци од постоечки збирки кои содржат околу 50 опции. Тие вклучуваат природни звуци (громови, птици, ветер, бранови); врева на луѓе или места (сообраќај, возови, толпа); неколку радија (со прогноза за бродски сообраќај или Морзеов код) и некои други видови врева (бела, кафена, розова).
Индивидуалната комбинација која може да се состави потоа се прилагодува по висина на тон, со што се заокружува аудио профилот. Вообичаено, на пример во релаксирачките видеа, звуците на китовите одат рака под рака со бранови или ветер. Но тука можат да се прават и многу понеобични комбинации, на пример звуци на забавен пар со оној од џунглите.
Истражете сами тука