Секоја Нова година весникот составува список на најнеобични грешки и извинувања. Еве некои од нив:
160 години стара грешка
Текст од 20 јануари 1853 во кој се раскажува приказната за Соломон Нортруп, чиј мемоар 12 години ропство стана филм 160 години подоцна, неговото презиме е погрешно напишано како Нортроп, додека во насловот е Нортруп. Оваа грешка излезе на виделина откако корисник на Твитер укажа на статијата во архивата на нашиот весник
За жена му на Алек Болдвин
Еден текст од минатата недела во врска со Хиларија Болдвин неточно ја опишува нејзината облека, што ја носи на фотографија која самата ја постирала на Инстаграм. Тоа е бикини, а не долна облека.
За Св. Патрик
Поранешна верзија на овој текст погрешно цитираше коментар од Малахи МекКорт во врска со светецот. Тој рече: „Мојот став е дека Св. Патрик ги избркал змиите од Ирска, а потоа сите дошле тука и станале конзервативци". Тој не рече дека Св. Патрик ги избркал робовите од Ирска.
За фудбалот
Статијата погрешно ја наведе годината во која Германија последен пат го освоила Светското првенство. Тоа беше 1990, а не 1090.
За кучето како сопруг
До уредникот:
Ми беше мило кога ја видов мојата книга „Приказна за еден среќен брак" во рубриката за книжевни осврти. Но кога се набројуваат темите на кои се однесуваат есеите во збирката, освртот без да стави запирка ги споменува „нејзиниот успешен втор брак за нејзиното сакано куче" (her stabilizing second marriage to her beloved dog), што оддава впечаток дека јас и Спарки сме земени. Иако мојата љубов кон моето куче е длабока, тој е веќе женет за куче по име Маги. Јас сум мажена за Карл ВанДевенде. Сите сме среќни во нашите врски.
Ан Пачет
За сексуалноста на билките
Извештај во врска со репродукцијата на растенијата содржи неточност во врска со нивната сексуалност. Растенијата кои имаат и машки и женски органи се хермафродити, а не самозапрашувачки.
За птичјиот измет
Во понеделникот некоректно ги опишавме ќелавите орли и орлите-рибари. Тие јадат риба, и нивниот измет е бел, а не јадат бобинки па нивните гомца да се виолетови (за разлика од други птици кај коишто тоа се случува).
За газот на Ким Кардашијан
Во поранешна верзија на оваа колумна е направена грешка. Таа содржеше нешто што изгледаше како интервју кое Кање Вест го дал за радио станица од Чикаго, во кое тој го споредува сопствениот задник со оној на неговата сопруга. Но цитатите биле всушност земени од сатиричниот сајт The daily Currant. Не постои таква радио станица во Чикаго, интервјуто било фиктивно, и тоа не смееше да биде вклучено во колумната.
Корекција на корекциите
Поранешна верзија на овие корекции наведе погрешен датум на кој тие излегоа во печатената верзија. Тие се појавија на 11 март, а не на 10 март.