Во доцните 1880-ти производителите на цигари почнале да вметнуваат картончиња во своите хартиени пакувања, за да ги направат поцврсти. Наскоро им текнало дека истото можат да го искористат за на нив да отпечатат цртежи (на пример на убави девојки), да испишат занимливости или некакви уметнички слики. Картичките, кои продолжиле да излегуваат до 1940-тите, сега имаат висока вредност, а најскапата во 2007 се продаде за 2,8 милиони долари.
Во 1910, компанијата Галагер Лтд од Белфаст и Лондон почнала да печати серија „Направи сам“ (How-To) со корисни совети за секојдневни и итни ситуации. Од излегување на крај со забиена боцка во прст и побеснето куче, до тоа како да се запали и одржи чкорче на ветер, овие картички навистина им користеле на пушачите (или на оние кои ги собирале). Бидејќи советите се стари 100 години, не сме сигурни дали денес би требало да ги пробувате (особено тоа со клоцање бесно куче), ама еве што велат некои од нив:
- Како да се направи средство за гасење пожар
Разредете сол и aмониум хлорид (NH4Cl) во вода и течноста префрлете ја во тенки стаклени шишиња. Ако избие пожар, фрлете едно или повеќе шишиња во огнот, и веројатно ќе го спречите неговото ширење.
- Како да извадите забиена боцка во месо
Наполнете шише со широк отвор со топла вода до врвот и притиснете го местото со отворениот дел. Притисокот што ќе се создаде, плус пареата, ќе ја извлечат боцката.
- Како да се сопре бесно куче
Држете во рака шапка, марамче, бастун или кој и да е друг предмет испружен пред вас. Кучето прво ќе се занимава со тоа како да ви ја пробие оваа заштита, а потоа како да ве касне, што ќе ви даде можност да го спречите со клоцање.
- Како да ги наводнувате растенијата додека сте на одмор
Наполнете голем сад со вода и наместете го малку над нивото на растенијата. Долу соберете колку што е можно повеќе саксии. Лабаво поставете неколку волнени конци, целосно потопете го едниот крај во водата а другиот да достигнува до саксиите. Така, со силата на гравитацијата, водата ќе тече по волнената нишка.
- Како да запалите чкорче на ветер
Вообичаената тешкотија на палење чкорче може да биде надмината ако најпрвин направите мали зарези во дрвцето насочени кон делот што се пали, како што е на сликата. Кога ќе се запали ќибритот тие издвоени парченца први развиваат оган, така тој е посилен и има поголеми шанси да се одржи.
За други интересни совети тука