Мојот 15-годишен син се подготвуваше за летен камп. „Тато, ми треба некоја книга", рече, држејќи го ајподот в рака.
Тој сака сложени приказни. Сака акција. Сака интелектуален предизвик. Знаев што да му дадам: „Борновиот идентитет".
Отидов на Амазон да го купам изданието за Киндл. „Откако ќе ја прочиташ, можеме заедно да го гледаме и филмот", му реков дур пребарував.
Хм. Чудно. Нема електронска верзија на „Борновиот идентитет" на Амазон. Ниту пак некое од продолженијата.
Барнес и Нобл? Епл ајбукс? Kобо? Сони? Ништо. Никој не ја продава.
Се чувствував како во скеч на Монти Пајтон. „Алоо! Сакај некој пари? Имам пари, ги сакал ли некој?"
На крај дознав дека наследниците на Роберт Ладлам не можат да се договорат околу маржата со издавачот.
Дечки: 2012 е. Се секирате за маржата? А како би било да се секирате за илјадниците долари месечно кои ги фрлате во ветер со тоа што не ги нудите книгите на јавноста, која сака да ги купи?
На крај, го сторив она што сигурно илјадници фрустрирани обожаватели на Ладлам го направиле на крајот: ја симнав книгата од БитТорент сајт.
Знам дека е погрешно. Би сакал да можев да платам за неа. Затоа на издавачот му пратив чек од 9,99 долари за е-книгата.