Преку иницијативата наречена Проект Ингеборг низ градот се поставени 70 лепенки со QR кодови. Ако имате „паметен телефон" тој читајќи го кодот ќе ве однесе на сајт од каде можете да симнете бесплатно класично литературно дело, на пример преку Проект Гутенберг, или сличен сервис од јавниот домен.
Од туристички аспект, она што е интересно е што книгата понудена за симнување е релевантна за локацијата од каде можете да ја симнете. Така близу главната катедрала можете да ја преземете познатата драма „Секој човек" од австрискиот писател Хуго фон Хофманштал која зборува за потрагата на човекот по спасение, а пак крај полициската станица можете да ја добиете „Убиец", кратка приказна од Артур Шницлер, уште еден славен Австриец.
Целта е да се поттикне користењето на новата технологија, но и да се привлече внимание кон она што проектот го нарекува „анахронизам" во законите за авторски права, кои велат дека книгите мораат да бидат вон јавниот домен дури 70 години. Планот е освен книги, проектот во иднина да вклучи и музика и други уметнички дела.