„Пијаната жена е како улаа свиња“ - оваа македонска поговорка за Милош Васиќ е дискриминаторска. Третирајќи ги сосема еднакво во правото да се направат камен и советот да бидат умерени, тој на двата пола им порачува: какви се времињава, тешко на трезните!
Деновиве во САД беше одбележан Националниот ден на интерпункцијата, што нè потсети на фактот дека исто како и со лекот кој во големи количества станува отров, така е и со прекубројните запирки, прашалници, а особено со - извичниците!
„Не се нервирај, земи поголем чекан" - гласи познатиот совет за надминување на дневниот стрес, кој сè повеќе го предизвикуваат не домашните или колегите, туку технологијата. Некој решил ем да си даде оддушка, ем од тоа да направи уметност.
Што се случува кога студент учи за испит, обидувајќи се да си го најде патот низ купиштата сложена теориска литература? Секој се снаоѓа како знае и умее. Ама оваа студентка се снашла навистина добро.
За многумина неоправдано позната само како „бившата на Вејтс" (а според нашата денешна мини-анкета дури ни така), Рики Ли Џонс е една од стоте најголеми рокерки на сите времиња според VH1, со трисетгодишна кариера и петнаесет издадени албуми. Најновиот излезе пред неколку дена.
Помеѓу сите урнебесни достигнувања кои оваа година заслужено ја добија Иг нобеловата - пародијата на вистинската Нобелова награда - едно остана неправедно маргинализирано.
Во манир на „Писмата до младиот поет“ на Рилке, Киш дава одлични совети, не само за младите писатели, туку воопшто за сите млади луѓе. Доволно сме стари да знаеме дека сето ова е точно.
Знаете она кога сакате да покажете со гест дека нешто е „бљак", па глумите повраќање? Епа една уметница решила да ги искаже ваквите свои чувства кон песна на Мишо Ковач буквално. Предупредување: да не се гледа пред, за време и по јадење.
Кирил Зајцев, графички дизајнер од Москва, прави фина комбинација на она што вообичаено ја претставува одредена земја вон нејзините граници - знамето, луѓето и пејсажите, и културните стереотипи поврзани со неа.
Септември е идеално време за возење точак - застудува, дупките полека се полнат со дождовница, а возачите на автомобили и градски автобуси веќе одамна го имаат потрошено доброто, постодморско расположение.
Имаме обичај од време на време. од ништо предизвикани, да проверуваме што има ново кај нашите омилени автори, куцајќи го нивното име во Гугл, па кликајќи на „новости". Оваа за Ник Кејв малку нè збуни.
Познаваме луѓе кои на глетката на книга фрлена на улица, а не дај боже во контејнер, реагираат поостро отколку на фрлен леб. Но нека не се вознемируваат, овие книги не се за фрлање, туку за земање.
Scrabble е онаа друштвена игра во која од поединечни букви треба да составите цели зборови. Колку повешт составувач и колку покомплексен збор - толку повеќе поени.
Школските клупи само што се наполнија, се одржуваат првите родителски состаноци, а децата полека сфаќаат дека целата работа со нивното образование ќе потрае, и тоа со години. Но низ тоа мачење морале да поминат и големи книжевни умови. Еве избор од нивните школски фотки.