
Мајкл Томперт (на фотографијата оној со пиштолот) уништил десетина Епл производи, а потоа од нив направил фотографии кои до најситен детал ја прикажуваат деструкцијата.
Неколку iPod Nano од 8GB се ставени под воз во движење. Во MacBook Air-от е пукано девет пати со 9мм пиштол Хеклер и Кох, а „магичниот маус" е исецкан на делчиња со рачна пила. Резултат: „внатрешните органи" на производите се прелеваат вон рамките со инаку весели и чисти бои, стаклата се распрскуваат како прашина, а од обвивките остануваат само ламарини.
„Уништувањето е форма на создавање", вели Томперт базиран во Сан Франциско, во тандем со фотографот Пол Ферчајлд, кои на овој нивен проект му дале навистина добар наслов - Must Have, или „Мора да се има". Кој знае колку им плаќа Епл за рекламава...