Некои се фрлени, други закопани или запалени. Одбор на училиште во Онтарио уништил илјадници книги поради наводно пропагирање стереотипи. Помеѓу нив и стрипови за Тинтин и Астерикс.
Секоја година на БарСК во Мелбурн организира специјален настан - „гејм џем“ или работилница за програмери и љубители на видео игри која трае од сабајле до вечер. Кога часовникот ќе отчука полноќ, сè на што напорно се работело цел ден се уништува. Соодветно на ова, изложбата се вика - Дилит.
„Не се нервирај, земи поголем чекан" - гласи познатиот совет за надминување на дневниот стрес, кој сè повеќе го предизвикуваат не домашните или колегите, туку технологијата. Некој решил ем да си даде оддушка, ем од тоа да направи уметност.