Даниел Хендерсон, 34-годишна студентка на групата по родови студии од Универзитетот во Висконсин, фрустрирана што феминистичката теорија знае да биде една прилично сложена и здодевна работа, почнала да си прави „флешкартички" и да ги објавува на својот блог, обидувајќи се да запамти, но и да искоментира, некои од работите во материјалот.
Надоврзувајќи се на постоечкиот мем „Hey Girl!" на авторите на блогот "Fuch Yeah!Ryan Gоsling", сликички кои кружеа низ интернет со разни пораки придружени со слики на актерот, таа сега во негова уста става коментари на ликот и делата на најпознатите феминистички автори.
Целава работа станала толку успешна што неодамна излезе и книга „Феминистот Рајан Гослинг: феминистичка теорија (замислена) од вашиот сакан чувствителен филмски дечко".
На почетокот Даниел немала гледано ни еден филм на Гослинг, ама сега изјавува дека „некако му се приврзува". Оправдано, додаваме.